02 Фев Европската мрежа за прашањата поврзани со бездржавноста (апатридијата) го објави индексот за бездржавност
Европската мрежа за прашања поврзани со бездржавноста (апатридијата) го објави индексот на бездржавност (апатридија), кој укажува на тоа како земјите во Европа ги штитат лицата без државјанство и што преземаат за да ја спречат и намалат бездржавноста.
Индексот на бездржавност е компаративна алатка која ги проценува законите, политиките и праксите на европските држави кои се однесуваат на заштитата на лицата без државјанство, како и на спречувањето и намалувањето на бездржавјанството (апатридијата) во однос на меѓународните норми и добрите пракси. Тоа е алатка создадена за граѓанското општество, владите, истражувачите, медиумите и другите заинтересирани лица. Индексот е развиен и одржуван од Европската мрежа за бездржавјанство (апатидија).
Србија е една од 12-те европски земји опфатени со индексот, па може да се види до кој степен таа била успешна во спречувањето на бездржавјанството и заштитата на лица без државјанство, како во однос на релевантните меѓународни стандарди, така и во однос на другите земји. Што се однесува до ратификацијата на релевантните меѓународни договори, ситуацијата во Србија се оценува како многу позитивна, но кога станува збор за исполнување на преземените обврски, оценките не се секогаш позитивни. На пример, ситуацијата во врска со навременото евидентирање на децата во матичните книги и спречувањето на бездржавјанството кај лицата родени во Србија се оценува како лоша.
Се очекува индексот да биде значајна алатка за организациите кои се занимаваат со проблемот на бездржавјанството и се залагаат за подобрување на состојбите во оваа област, како и за државните службеници кои бараат примери за добри решенија во процесот на подготовка на нови регулативи и стратегии. Покрај тоа, оваа алатка може да им користи на сите истражувачи од оваа област, како и на лицата без државјанство кои бараат информации за нивните права.
Овде можете да го погледнете целиот индекс https://index.statelessness.eu/sites/statelessindex.eu/files/Country%20Briefing%20Serbia%20SRB_FINAL%20_0.pdf
Преземено од страницата на Европската мрежа за прашањата поврзани со бездржавјанството