Зголемен бројот на неизвршени пресуди на Европскиот суд за човекови права

Годишниот извештај година за извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права за 2022, објавен од Комитетот на министри на Советот на Европа, покажува дека и натаму е висок бројот на пресуди на ЕСЧП што треба да се извршат во целост во земјите на Балканот и во Централна Европа.

Земјите од Балканот и Централна Европа и понатаму имаат најголем број предмети на ЕСЧП што чекаат на извршување. Околу 78 предмети што треба во целост да се извршат во 2022 година се од Србија, 77 од Турција, 63 од Унгарија, 54 од Полска и 36 од Молдавија.

„Сепак, дојде до зголемување на вкупниот број пресуди кои во моментот чекаат на целосно извршување (6.081 во споредба со 5.533 во декември 2021 година)“, стои во извештајот.

Во извештајот се истакнува дека целосното извршување на пресудите на ЕСЧП од страна на земјите-членки се соочува со неколку предизвици. „Ваката проблематична ситуација е дополнително отежната со големиот број долгогодишни системски или сложени проблеми кои односните држави не ги имаат решено и кои Комитетот затоа продолжи да ги испитува во 2022 година“, пишува во извештајот.

Според извештајот, ова делумно може да се објасни со недостатокот на политичка волја да се започне со реформи за коишто би можело да се неопходни постојани напори и трошоци.

„Тоа е, исто така, поврзано со постојаниот проблем во голем број држави со недоволен капацитет за преземање мерки насочени кон обезбедување брзо, целосно и ефективно извршување на пресудите на Европскиот суд, особено поради нискиот статус и/или недостатокот на ресурси на националните координатори“, се вели понатаму во извештајот.

Иако бројот на незатворени предмети што требаше целосно да се извршат изнесуваше 6.112 во 2022 година, што е речиси половина од бројот во 2012 година, новите предмети може да го доведат до преоптоварување на судот, се забележува во извештајот. 

Во 2022 година беа додадени 1.459 нови случаи што треба да бидат извршени во земјите-членки, што е рекорден број во последната деценија. Затворени се вкупно 880 предмети, што е најмал број на затворени предмети од 2012 година наваму. 

Преземено од официјалната веб-страница на „Балканинсајт“