13 Јан Извештај на Советот на Европа за правната рамка на Србија за заштита на националните малцинства
Во извештајот на Советот на Европа за правната рамка на Србија за заштита на националните малцинства, објавен на 18 декември 2019 година, се наведува дека српските власти вложуваат импресивни напори за подобрување на статусот на ромските заедници и за регулирање на статусот на лицата без државјанство. Сепак, контрастот помеѓу нивото на заштита на правата на малцинствата во автономната покраина Војводина и другите региони на Србија сè уште се забележува, недостатокот на податоци ја попречува работата на заштитата на правата на малцинствата, а учеството на малцинствата во државната администрација треба значително да се подобри.
Србија е мултикултурна земја со еден широк спектар на национални малцинства, кои се претставени од 23 национални совети на национални малцинства. Сепак, сè уште постојат нееднаквости во остварувањето на малцинските права, се вели во извештајот. Особено треба значително да се подобри нивото на заштита на правата на националните малцинства надвор од Војводина. Властите би требало да дадат приоритет на економската ревитализација во овие области низ подобрување на инфраструктурата и создавање на повеќе можности за вработување. Во исто време, не треба да се потценува ни потребата од натамошни подобрувања во Војводина, особено во однос на интеркултурниот дијалог и познавањето на националниот јазик.
Општо, во извештајот се наведува дека мора да се преземат важни чекори за зајакнување на интеракцијата помеѓу различните заедници кои живеат во Србија: советите за меѓуетнички односи продолжуваат да дејствуваат на ниско ниво, а нивните надлежности се ограничени. Во извештајот се наведува дека треба да се спроведе независно истражување за функционалноста на овие совети, и врз основа на резултатите од истото, треба да се изготви и спроведе сеопфатна стратегија за ревитализација на меѓуетничките односи.
Извештајот е достапен на https://rm.coe.int/4th-op-serbia-en/16809943b6
Коментарите од Владата на Србија се достапни на https://rm.coe.int/4th-com-serbia-en/16809943d9
Преземено од веб-сајтот на Советот на Европа