Информативен лист за слободата на изразување на албански и српски јазик

Тематскиот информативен лист за слободата на изразување, издаден од Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, беше преведен на локалните јазици во рамките на акцијата на ЕУ/СЕ за слободата на изразување и слободата на медиумите (JUFREX2).

 Тематскиот информативен лист во кој фокусот се става на извршувањето на пресудите на ЕСЧП за слободата на изразување, дава голем број примери на извршување на пресудите на Европскиот суд и има за цел да се обезбеди и заштити слободата на изразување, вклучувајќи ја и безбедноста на новинарите, слободата на печатот и заштитата на новинарските извори, медиумскиот плурализам и дозволите за извршување на радиодифузна дејност, слободата на комерцијално и уметничко изразување, ширењето на информации за изборни цели, заштитата на угледот и правата на другите и пропорционалноста во примената на законот и санкциите, слободата на изразување во контекст на националната безбедност, јавната безбедност и борбата против тероризмот, како и приемот на информации од затворениците во казнените институции.

Информативниот лист на три јазици може да се најде на следните линкови:

     Англиска верзија: https://rm.coe.int/thematic-factsheet-foe-eng/1680a4ad90

     Албанска верзија: https://rm.coe.int/thematic-factsheet-foe-alb/1680a4ad8e

     Српска верзија: https://rm.coe.int/thematic-factsheet-foe-srb/1680a4ad8f.

Оваа акција е дел од „Хоризонталниот инструмент за Западниот Балкан и Турција II“, иницијатива за соработка која е ко-финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа и која има за цел да им помогне на корисниците во регионот на Западен Балкан и Турција да се усогласат со стандардите на Советот на Европа и правото на Европската унија во рамката на процесот на проширување, во оние области во кои е тоа потребно. 

Преземено од веб-сајтот на Советот на Европа