22 Мај Итна мерка во предметот на тројца босански државјани од ромска националност
Европскиот суд за човекови права одлучи да примени итна мерка во предметот на П.Х. и други против Италија (жалба бр.25838/19) во врска со тројца босански државјани од ромска националност, кои беа протерани заедно со нивните малолетни деца од населбата Понте Ричо во април оваа година.
Жалителите се тројца босански државјани од ромска националност кои живееле со своите семејства во населба во Понте Ричо (Џулијано). Две од нив се мајки со вкупно 10 деца, кои се малолетници на возраст меѓу две и 16 години.
На 5 април 2019 година, градоначалникот на Џулијано ја издал уредбата бр. 29 со која наредил сите жители на населбата да бидат иселени заради јавното здравје и безбедност. Таа наредба била извршена на 10 мај. Жалителите моментално живеат со своите семејства во импровизиран камп во индустриска зона надвор од Џулијано.
На 16 мај 2019 год. жалителите поднеле барање до Судот согласно Правилото 39 од Деловникот на Судот за привремена мерка со која се бара од државата да им обезбеди на нив и нивните семејства соодветно сместување и да запре со секое понатамошно иселување. Судот го одложи разгледувањето на барањето до 17 мај 2019 година и побара од страните да достават информации. Со оглед на тоа што од одговорот на Владата на прашањата на Судот не беше јасно дали на жалителите им било обезбедено, Судот одлучил да изрече привремена мерка со која и’ се наложува на италијанската влада да обезбеди привремено сместување за овие малолетници и нивните родители, без притоа да ги оддели.
Преземено од официјалниот сајт на Европскиот суд за човекови права