07 Сеп Комерцијалните брендови кои имаат општествено-политичка порака не можат да се третираат исклучиво во комерцијален контекст
Во предметот Гачечиладзе против Грузија (жалба бр. 2591/19, 22.07.2021) Европскиот суд за човекови права утврди повреда на членот 10 (слобода на изразување).
Предметот се однесуваше на управни прекршочни постапки против жалителката, претприемач, заради нејзиното рекламирање кондоми. Таа произведуваше кондоми под брендот Аииса, чие буквално значење беше „таа работа“. Според објаснувањата на жалителката, името на брендот се однесувало на тоа како кондомите биле нарекувани од страна на некои потрошувачи, на кои купувањето на истите им било наводно непријатно. Таа, исто така, изјави дека благиот сарказам бил дел од имиџот на Аииса. Дизајнот на пакувањето варираше и вклучуваше прикази на популарни фиктивни ликови, поранешни и актуелни грузиски и не-грузиски историски и политички личности, референци на политички настани, разни предмети како лижавчиња, различни цитати од грузиската литература, музички дизајни, популарни слогани , фрази кои наводно одразуваат социјални предрасуди (на пример, „Во Грузија нема геј луѓе“) или вклучуваат игра со зборови, дизајни кои изразуваат поддршка на ЛГБТ заедницата (лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица) и друго. Кондомите се продаваа преку интернет и на автомати.
За време на првостепената постапка, жалителката безуспешно се повикувала на различни предмети кои претходно биле разгледувани од Уставниот суд, тврдејќи дека се дава недоволно образложение зошто предметните слики претставуваат кршење на Законот за рекламирање. Tаа била казнета, ѝ било наредено да престане да ги користи и шири предметните дизајни и да издаде повлекување на производот во врска со веќе дистрибуираните производи. Таа ја обжалила таквата одлука без успех.
Домашните судови утврдиле дека четири од дизајните што ги користела на социјалните медиуми и на самата амбалажа биле неетички.
Четирите спорни дизајни се однесуваат на:
- Дизајн – Фотографија на панда со текст – Би мастурбирала, но Водици е. – Водици (Богојавлјение е најстариот христијански празник, еден од [дванаесетте големи празници]. Според Евангелието, овој свет ден е поврзан со Христовото крштевање… и од кој произлегува практиката на крштевање и првата света тајна на Црквата.
- Дизајн – „Чудесна победа“ и слика – Дидгорската битка, па оттука и чудесна победа. Битката кај Дидгори има посебно место во историјата на Грузија. Оваа победа е симбол на независноста и борбата за слобода, единство и посветеност на земјата. На производот е прикажана кралска круна – која има национално значење.
- Дизајн – „Кралскиот двор во Тамар“ и слика – кралицата Тамар владеела како монарх на Грузија од 1184 година, како претставничка на кралската династија Багратиони. Таа ја имала следната титула: кралот на кралевите и кралицата на кралиците … [Т] православната црква ја прогласила за светица, [и] нејзиното лице е прикажано на бројни фрески.
- Дизајн – „Раката на благословот“ – гест со раце што го користат верските великодостојници. Раката на благословот е прикажана во бројни фрески на светци и се користи и од верските великодостојници при благословување на парохијата.
Судот забележа дека брендот на жалителката, исто така, се чини дека бил насочен кон започнување и/или придонесување кон јавна расправа за различни прашања од општ интерес. Особено, декларираната цел на брендот, изразена во времето на неговото пуштање во продажба, била да ги сруши стереотипите и „да помогне во правилното разбирање на сексот и сексуалноста“. Понатаму, се чини дека неколку дизајни користени од брендот претставувале социјален и политички коментар за разни настани или прашања. Затоа, аргументот на Владата дека „изразувањето“ на жалителката треба да се третира како само во комерцијален контекст, со што им се дава на властите широко поле на слободна проценка на домашно ниво, треба да се третира со одредена претпазливост. Во околности кога станува барем делумно збор за порака која се однесува на прашања од јавен интерес, полето на слободна проценка што им се дава на домашните судови е нужно помало во споредба со ситуациите што се однесуваат само на говор од исклучиво комерцијална природа.
Што се однесува до третиот дизајн, Судот се согласи дека канонизацијата на јавна личност или кое било друго лице само по себе не може да послужи за да се исклучи дискусијата за нивната личност во јавна дебата. Исто така, спротивно на наодите на домашните судови, изборот на медиум за изразување – производство и дистрибуција на кондоми во овој случај – сам по себе не треба да се смета за несоодветен при проценката дали изразувањето може да придонесе за јавна дебата за прашања важни за општеството. Меѓутоа, Судот исто така го зеде предвид неуспехот на жалителката да даде објаснување во постапката на домашно ниво дека употребата на таа личност на кондомите со придружниот знак започнала или придонела за каква било јавна расправа за прашање од општ интерес. Во врска со ова, во отсуство на убедливи аргументи од жалителката, Судот не можеше да утврди дека домашните судови погрешиле во заклучокот дека дизајнот може да се смета за навреда за Грузијците од православна христијанска вероисповест.
Што се однесува до преостанатите дизајни, сепак, околностите се различни. Особено, во однос на првиот дизајн со лик на панда во кој се дава осврт на светиот христијански празник, Судот го зема предвид образложението на апелациониот суд дека сликата и придружниот текст неоправдано го навредуваат начинот на живот на православните христијани кои активно ја практицираат својата вера и верското учење дека сексуалните односи треба да се избегнуваат за време на постот поврзан со важни верски празници. Меѓутоа, Судот не е убеден дека овие причини биле доволни за да се оправда неопходноста од мешање во демократско општество. Поконкретно, не може да се занемари фактот дека во овој дизајн само се повторува веќе постоечкото уметничко изразување од анонимна група наречена Панда, која во тоа време имала повеќе од 1 милион прегледи на YouTube и приближно 15.000 „лајкови“.
Што се однесува до вториот дизајн во кој била прикажана круна и четвртиот дизајн во кој била прикажана раката на благословот и кој се однесува на историски настан, домашните судови се фокусирале на важноста на тој настан за историјата на Грузија. Меѓутоа, и покрај поднесоците поврзани со жалителката, во текот на постапката против неа остана нејасно зошто домашните судови сметале дека повикувањето на историски настан, прикажувањето на круна или женска лева рака на кондоми може да потпаѓа под дефиницијата за неетичко рекламирање. за во Законот за рекламирање. Ниту, пак, беше објаснето дали постоела некаква „итна општествена потреба“, во смисла на судската пракса на Судот, за да се ограничи ширењето на овие два дизајни. Според тоа, Судот сметаше дека ниту една од причините дадени од домашните судови не била релевантна за да се оправда неопходноста и пропорционалноста на мешањето во слободата на изразување на жалителката.
Конечно, Судот ја оспорува очигледната импликација во одлуките на домашните судови дека ставовите за етиката на членовите на Грузиската православна црква имаат предност пред останатите при балансирањето на различните вредности заштитени според Конвенцијата и Уставот на Грузија. Судот повтори дека во едно плуралистичко демократско општество оние кои ќе изберат да ја користат слободата да ја манифестираат својата вера мора да го толерираат и да го прифатат негирањето од страна на другите на нивните верски убедувања, па дури и пропагирањето на други доктрини кои се косат со нивната вера.
Со оглед на претходно изнесеното, Судот заклучува дека барем во однос на три од четирите спорни дизајни, причините наведени од домашните судови не биле релевантни и доволни за да се оправда мешањето согласно член 10 став 2 од Конвенцијата. Според тоа, постои повреда на членот 10 од Конвенцијата.
Преземено од официјалниот веб-сајт на Европскиот суд за човекови права