Нова практика на Европскиот суд за човекови права од 1 јануари 2019 година

Европскиот суд за човекови права одлучи да воведе нова практика од 1 јануари 2019 година, која вклучува посветена фаза без спор во однос на сите договорни држави. Судот ќе одлучи дали ќе продолжи со оваа практика на крајот од едногодишниот пробен период.

Целта на воведувањето на таква фаза е да се олеснат пријателските спогодби. Во суштина постојат два аспекти на оваа нова практика.

Прво, Регистарот на Судот најчесто ќе поднесе предлог за пријателска спогодба со самото известување кое им се испраќа на тужените власти  за поднесените жалби.

Второ, во постапката ќе има две различни фази: 12-неделна пријателска фаза на спогодување (без спор) и уште една фаза на опсервации од 12 недели (со спор, со размена на опсервации).

Во моментов овие две постапки се одвиваат паралелно. На владите им се даваат 16 седмици да ги достават своите забелешки (опсервации) за допуштеноста и меритумот на предметот. Во текот на првите осум седмици од тој период, исто така, тие се должни да го известат Судот дали се подготвени да склучат пријателска спогодба. Според новата практика, Регистарот нема да дава предлог за пријателско спогодување во секој предмет; постојат исклучоци, на пример предметите во кои се покренуваат нови прашања кои никогаш не биле разгледани од страна на Судот или предметите во кои од кои било кои конкретни причини може да биде несоодветно да се предложи пријателска спогодба. Судот ќе продолжи со сегашната практика на објавување на информации за конкретните предмети на HUDOC штом владите добијат известување за поднесените жалби. Писмата испратени до страните во оваа фаза ќе бидат ревидирани и во нив ќе се даде објаснување на оваа нова практика.

Преземено од официјалниот веб сајт на Европскиот суд за човекови права