Одбивањето на новинар кој сакал да интервјуира баратели на азил во Унгарија претставувало кршење на слободата на изразување

Во предметот на „Суровец против Унгарија“ (жалба бр. 15428/16, 08.10.2019 година) Европскиот суд за човекови права, едногласно одлучи дека дошло до повреда на член 10 (слобода на изразување) од Европската конвенција за човекови права.

Предметот се однесуваше на пристапот на медиумите до приемните простории за баратели на азил. Жалителот во случајот, новинар на информативен портал на интернет, тврдеше дека  надлежните органи го одбиле неговото барање да спроведе интервјуа и да направи фотографии во Прифатниот центар во Дебрецен, со што го спречиле да известува за тамошните услови за живот.  Г-дин Суровец барала судска ревизија, но без успех. Управниот суд ја прогласил неговата претставка за недопуштена бидејќи одбивањето не било одлука на управен орган според релевантното домашно право, и затоа истото не подлежело на судска ревизија.

Судот истакна дека истражувачката работа е суштински дел од слободата на печатот и како таква морала да биде заштитена.

Мешањето било законско, бидејќи се засновало на дел 2 од Уредбата бр. 52/2007 (XII.11) на Министерството за правда и нејзината цел, заштита на приватниот живот на барателите на азил, била легитимна. Сепак, Судот утврди дека причините дадени за ваквото ограничување на слободата на изразување на жалителот, иако релевантни, не биле доволни.

Прво, што се однесуваше на потребата да се заштити приватниот живот на барателите на азил, имиграциските власти очигледно не го земале предвид аргументот на жалителот дека тој само би фотографирал со претходна и, доколку било потребно, писмена согласност. Судот, исто така, истакна дека известувањето за животните услови во центарот, иако очигледно се однесувало на приватниот живот на барателите на азил, немало за цел да сензационализира, туку да информира за прашање од јавен интерес.

Второ, ниту домашните власти ниту Владата не посочиле како точно можело да се загрози безбедноста на барателите на азил во пракса, особено ако истражувањето било спроведено со нивна согласност.Трето, Судот не се согласил со Владата дека жалителот исто толку лесно можел да фотографира и да спроведува интервјуа пред Центарот за прием. Овие алтернативи во никој случај не можеле да ги заменат разговорите лице в лице и впечатоците кои новинарот би ги стекнал од прва рака за условите на живеење во центарот.

И последно, судовите не успеале да извршат балансирање на различните вклучено интереси, со оглед на тоа што решението за одбивање на пристапот не подлежело на судска равизија.

Преземено од официјалниот веб-сајт на Европскиот суд за човекови права