13 Јул Поднесен извештајотдо комитетот CEDAW за примената на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените во Република Србија
На 13.07.2018 година Праксис (Praxis) го поднесе до Комитетот за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените алтернативниот извештај за примената на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените во Република Србија, во соработка со Европската мрежа за прашања на апартидија (ENS), Европскиот центар за правата на Ромите (ERRC) и Институтот за прашања поврзани со апартидија и инкслузија (ISI).
Извештајот зборува за тешкотиите со кои се соочуваат припадниците на ромското национално малцинство во остварување на своите права во Србија. Нивната положба е особено тешка бидејќи често стануваат жртви на двојна дискриминација – по основ на пол, но и по основ на национална припадност. Извештајот содржи информации за проблемите со кои се соочуваат Ромките во остварување на своите права на здравствена и социјална заштита, образование и вработување, но во исто време предупредува и на проблемите со детски, рани и принудни бракови, кои многу повеќе се јавуваат меѓу ромската популација и посебно ги засегаат девојчињата.
Во извештајот посебно внимание им се посветува на пречките кои го отежнуваат запишувањет во матични книги и добивање на државјанство, а особено е нагласен проблемот на дискриминирачки прописи кои ги спречуваат Ромките кои не поседуваат лични документи своите новороденчиња да ги запишат во матичните книги на родени. Поради тоа, овие деца остануваат и без државјанство и без пријавена адреса на живеење во најчувствитетлниот дел од животот, а со самото тоа и без можност да си ги остварат своите права на здравствено и социјално осигурување, како и сите други права за чие остварување се потребни лични документи. Тоа несомнено доведува до кршење на принципите да се постапува во најдобар интерес на детето, но исто така претставува и кршење на Конвенцијата за правата на детето и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, со кои се пропишува дека секое дете има право да биде запишано во матичните книги на родени и право на лично име веднаш по раѓањето.
Во извештајот му се предлагаат на Комитетот за елиминирање на дискриминацијата на жените многу препораки со цел да се воспостави рамноправност и да се спречи дискриминација на припадничките на ромското национално малцинство, како што се: измената на подзаконските акти со што би им се овозможило на жените да го регистрираат раѓањето на своето дете, правилно толкување и примена на членот 13 од Законот за државјанство на РС (со кој се уредува правото на државјанство на Србија според принципот jus soli) согласно Конвенцијата за правата на детето, овозможување на пристап до здравствена заштита на Ромките без постојана/ привремена адреса, еднаков пристап до предучилишното, основното и средното образование на женските ромски деца, унапредување на мерките за активно вработување на Ромите и многу други мерки.
Преземено од интернет страната Праксис (Praxis).
Целиот извештај можете да го прочитате тука: