17 Ное Претседателот на Судот на ОН за воени злосторства во Хаг го криткуваше негирањето дека масакрите во Сребреница беа чин на геноцид
Претседателот на Судот на ОН за воени злосторства во Хаг, Теодор Мерон, ја критикуваше Србија заради негирањето дека масакрите во Сребреница беа чин на геноцид.
Претседателот на Механизмот за меѓународни кривични трибунали, Теодор Мерон, ја предизвика српската Премиерка за време на нивниот состанок во Белград.
Теодор Мерон рече дека ,,бројните пресуди” пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) ,,јасно ставија до знаење дека злосторствата извршени во Сребреница во 1995 година претставуваат геноцидни дела”.
Армијата на босанските Срби, под команда на Ратко Младиќ, го зазема градот Сребреница на 11 јули 1995 година, а потоа уби повеќе од 7.000 мажи и момчиња од енклавата.
Злосторството беше прогласено како геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата, како и од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија. МКТЈ и националните судови имаат донесено осудителни пресуди за 45 лица на вкупно 699 години затвор – плус три казни на доживотен затвор – за геноцид, злосторства против човештвото и други дела против Бошњаците во Сребреница во јули 1995 година.
Српската влада издаде соопштение за јавност кое се однесуваше на состанокот помеѓу Брнабиќ и Мерон без да се спомене критиката на Претседателот на Механизмот за меѓународни кривични трибунали, за нејзините тврдења за Сребреница. Соопштението за јавност, наместо тоа, се фокусираше на темата на условите во затворите за српските осуденици за воени злосторства.
Преземено од официјалниот веб-сајт на иницијативата Балканска транзициска правда