Проект на Советот на Европа ќе стави крај на сексуалната експлоатација и злоупотреба на деца на интернет

Сексуалната експлоатација и злоупотреба на деца на интернет е специфична форма на насилство врз децата. Често транснационална природа на овој криминал бара меѓународен, мулти-секторски одговор за да се обезбеди холистичка поддршка за жртвите и ефективна истрага и гонење.

На 4 март 2019 година во Стразбур, Франција, се одржа првиот состанок на Проектната група за управување со проектот на Советот на Европа за ставање крај на сексуалната експлоатација и злоупотреба на деца на интернет во Европа.

Овој проект се спроведува во рамките на Стратегијата на Советот на Европа за правата на детето (2016-2021) и има за цел да ги поддржи земјите-членки во спречувањето и борбата против ова зло преку воспоставување на поволни средини за меѓусекторска, мултидисциплинарна соработка на национално и регионално ниво, преку зајакнување на структурите за национално управување и спроведување на ситуациска анализа на ризиците поврзани со сексуалната експлоатација и злоупотреба на деца на интернет, преку поддршка на законодавни и процедурални реформи, обука и градење на капацитети за вработените во агенциите и телата за спроведување на законот, судиите и обвинителите, како и преку промовирање на мултидисциплинарна меѓуагенциска соработка за целосна поддршка на жртвите.

Проектната група за управување е составена од претставници на десет земји: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Република Молдавија, Црна Гора, Србија, Турција, Украина, како и од претставници на Советот на Европа и партнерите во проектот.

Нејзината улога е да обезбеди техничко и стратешко советување, поддршка и препораки за понатамошното спроведување на проектот. Во исто време, проектната група ќе се координира со релевантните иницијативи и програми, ќе го следи напредокот постигнат во имплементацијата на проектот и ќе го поддржи ширењето на постигнатите резултати и ресурси преку професионални и други мрежи.

Претстојните настани во проектот вклучуваат:- Конференција за градење капацитети за претставниците на граѓанското општество во врска со Конвенцијата од Ланзароте, подигнување на свеста и сексуална експлоатација и злоупотреба на деца на интернет (8-9 април 2019 година, Стразбур, Франција);

– Регионална конференција за спречување и борба против сексуална експлоатација и злоупотреба на деца на интернет (16-17 мај 2019, Стразбур, Франција).

Преземено од официјалната веб-страница на Советот на Европа