Случајот на свиркач од Србија

Платформата на Советот на Европа за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите издаде алармно известување на 21 ноември 2019 година во врска со изречената мерката куќен притвор на српскиот свиркач Александар Обрадовиќ, во категоријата „Други акти кои имаат негативен ефект врз слободата на медиумите“.

Во предупредувањето на Советот на Европа се наведува дека заклучно со ноември 2018 година, во неколку написи во ArmsWatch, неделникот НИН и Балканската мрежа за истражувачко известување (БИРН) се говори за наводната вмешаност на Бранко Стефановиќ, татко на српскиот Министер за внатрешни работи, во трговијата со муниција преку приватната компанија ГИМ.

Во предупредувањето се наведува и дека на 18.09.2019 година бил уапсен Александар Обрадовиќ, Помошник за набавки во компанијата Крушик во Ваљево, кој им открил на медиумите дека ГИМ имала привилегиран статус во трговијата со оружје на штета на Крушик и другите државни производители на оружје. Белградското Јавно обвинителство на 20.09.2019 година покренало кривична истрага заради откривање на деловна тајна, а белградскиот Виши суд на 20.09 2019 година му изрекол на Обрадовиќ мерка куќен притвор.

Преземено од веб-сајтот на Советот на Европа: https://www.coe.int/en/web/media-freedom/detail-alert?p_p_id=sojdashboard_WAR_coesojportlet&p_p_lifecycle=0&p_p_col_id=column-1&p_p_col_pos=poster