06 Јул Специјализираните тела на Косово со седиште во Хаг повикани да ја истражат смртта на новинари во Косово
Европската федерација на новинари (ЕФН) усвои резолуција со којашто се бара од новиот суд во Хаг да ги истражи убиствата и исчезнувањата на албански и српски новинари, поврзани со судирот во Косово.
ЕФН усвои резолуција којашто ја предложи истовремено на здруженијата на новинари на Србија и Косово и со којашто се бара спроведување истрага за убиство и киднапирање на 14 новинари во периодот од 1998. до 2005. година.
Во Србија веќе постои слична комисија – Комисијата за истражување убиства на новинари, основана во 2013 година, чијашто задача е да врши притисок врз властите да ги решат убиствата на новинарите, како што е убиството на новинар Славко Ќурувија, извршено во 1999 година.
ЕФН ги повика Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС) и Обединетите нации да ги спроведат одлуките на Советодавната комисија на ОН за човекови права, со коишто се бара решавање на овие случаи и обесштетување на семејствата.
ОБСЕ идентификуваше 15 случаи на исчезнати или убиени новинари во Косово.
Преземено од веб страната на Балканската транзициска правда.