Петти светски ден за борба против трговија со луѓе и посебен фокус на трговија со деца

Оваа година меѓуагенциската координативна група за борба против трговија со луѓе (ICAT), која е партнер на Советот на Европа, донела одлука посебно да се всредоточи на трговија со деца, која претставува 28 отсто од вкупниот број на жртви на трговија со луѓе кои се утврдени ширум светот. (20% женски и 8% машки). За да помогне во изготвување на меѓународниот одговор, ICATна 30 јули, 2018 година објави Краток извештај кој се однесува на обемот на трговија со деца и млади. ICAT исто така формулирала и низа клучни препораки, нагласувајќи ја пред се важноста да се истакне најдобриот интерес на  детето при усвојување на законите, политиките, програмите и интервенциите во трговија со луѓе.

Група на стручњаци во Советот на Европа за борба против трговија со луѓе (GRETA) во својот шести годишен извештај посветува внимание на трговијата со деца, укажувајќи на широката распространетост на трговија со деца во Европа и на посебните ризици за мигрантите и децата бегалци кои се жртви на трговија со луѓе и експлоатација. Извештајот GRETA нуди примери на добри практики од различни држави, вклучувајќи ги и мобилните единици кои се воспоставени за да се откријат загрозените деца и специјализирани центри кои нудат поддршка на децата жртви на трговија со луѓе.

Претседателот на GRETA, Сиобан Мулали (Siobhan Mullalli) по тој повод изјавил: “Државите членки на Конвенцијата против трговија со луѓе на Советот на Европа мора да создадат опкружување кое ќе им понуди заштита на децата и ќе ја намали подложноста на трговија и експлоатација. Децата кои не се регистрирани при раѓање, децата од загрозените заедници и децата без родителски надзор или кои се одвоени се особено чувствителна категорија на трговија со луѓе. Голем број на деца жртви на трговија со луѓе не се откриени и не добиваат заштита поради недостатоци во постапките на идентификација, неуспешно именување на законскиот старател, несоодветен систем за заштита на деца и недостаток на соодветно и сигурно сместување.”

GRETA неодамна објави уште еден извештај за загриженоста за трговија со луѓе поради работна експлоатација, која се јавува како доминантна форма на трговија со луѓе во неколку европски држави.

GRETAистакнува дека ги повикува државите членки на Конвенцијата да соработуваат со невладините организации, синдикатите и приватниот сектор за да помогнат во запирање на оваа грозна експлоатација и злоупотреба.

Изданието на ICAT е достапно на интернет страната http://icat.netvork/

Шестиот годишен извештај на GRETA – тематски дел за трговија со деца: https://rm.coe.int/1680706a42

Седмиот годишен извештај на GRETA: https://rm.coe.int/greta-2018-1-7gr-sr/16807af20e

Преземено од официјалната интернет страна на Советот на Европа – GRETA