Ново издание на Деловникот на Судот и Протоколот бр. 16

Европскиот суд за човекови права објави ново издание на Деловникот на Судот. Ова ново издание на Деловникот на Судот вклучува измени и дополнувања дадени на пленарната седница на Судот на 19 септември 2016 година. Новото издание стапи на сила на 1 август 2018 година.

Покрај новото издание на Деловникот на Судот, Протоколот број 16 од Конвенцијата стапи на сила на 1 август 2018 година. Тој им овозможува на највисоките судови и трибунали на државите членки да побараат од Судот да даде советодавни мислења за принципиелни прашања поврзани со толкувањето или примената на правата и слободите дефинирани во Конвенцијата или нејзините протоколи.

Највисоките судови и трибунали од 10-те држави кои го ратификуваа Протоколот бр. 16 (Албанија, Ерменија, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Литванија, Сан Марино, Словенија и Украина) сега може да побараат од Судот советодавно мислење во контекст на предметите кои ги решаваат.

Десет други земји го потпишаа Протоколот, но допрва треба да го ратификуваат: Андора, Босна и Херцеговина, Грција, Италија, Република Молдавија, Холандија, Норвешка, Романија, Словачка и Турција.

Новото издание на Деловникот на Судот можете да го најдете овде:

 https://www.echr.coe.int/Documents/Rules_Court_ENG.pdf

Преземено од официјалниот веб сајт на Европскиот суд за човекови права.