17 Јул Насоки на CEPEJ за примена на посредување (медијација)
На својот 30-ти пленарен состанок, CEPEJ – Европската комисија за ефикасност на правосудството го комплетираше списокот на постојните инструменти на Советот на Европа во областа на посредувањето или медијацијата, а особено препораките на Советот на Европа (препорака (98) 1 за семејната медицијација); (препорака 99) 19 за медијацијата во кривичната материја; Препорака (2001) 9 за алтернативните судски спорови помеѓу органите на управата и физичките и правни лица и Препораката (2002) 10 за медијација во граѓанската материја), како и насоките на CEPEJ за граѓанското, семејното, кривичното и управното посредување преку усвојување на низа конкретни насоки за пружање помош на земјите-членки со цел да се овозможи поширока примена на медијацијското решавање на спорови, како и да се пружи поддршка на учесниците во медијацијата во нивната секојдневна пракса.
Алатите за понатамошниот развој на медијацијата се приспособени за различните национални контексти и постепено ќе се комплетираат со усвојување на нови. Тие се резултат на плодната соработка помеѓу Меѓународниот институт за посредување и Европскиот советот на адвокатски комори и здруженија.
CEPEJ, исто така, ги потврди и понатамошните чекори на Работната група за посредување (медијација) (CEPEJ-GT-MED), кои се засноваат на истражување на работата на претходната работна група на земјите-членки на Советот на Европа за влијанието на упатствата на CEPEJ заради одредување на мерки кои треба да се спроведат за поширока примена на решавањето на спорови преку медијација.
Тука можете да ги најдете упатствата и извештаите на CEPEJ:
https://rm.coe.int/report-on-the-impact-of-cepej-guidelines-on-civil-family-penal-nd-admi/16808c400e
https://rm.coe.int/mediation-development-toolkit-ensuring-implementation-of-the-cepej-gui/16808c3f52
https://rm.coe.int/road-map-for-mediation-based-on-the-cepej-gt-med-report-on-the-impact-/16808c3fd5
Преземено од официјалниот сајт на CEPEJ