Извештај на Хјуман рајтс воч за 2019 година

Во својот Глобален извештај за 2019 година, Хјуман рајтс воч наведува дека балканските земји минатата година постигнале само скромен напредок во областа на човековите права, наведувајќи го како причина недостатокот на поддршка за обвинителството за воени злосторства и разни други прашања.

Глобалниот извештај на Хјуман рајтс воч ги сумира клучните прашања поврзани со човековите права во повеќе од 90 земји и територии низ целиот свет, опфаќајќи настани од крајот на 2017 година до ноември 2018 година.

Босна и Херцеговина

Во 2018 година, Босна постигна ограничен напредок во решавањето на долготрајните проблеми со човековите права, се вели во извештајот. Предметите на воени злосторства се решаваат со бавно темпо.

Припадниците на националните малцинства и натаму беа неподобни за кандидати за претседател на општите избори во 2018 година, поради неуспехот да се внесат измени во дискриминаторските одредби во уставот.

Босанските власти не им пружиле ниту основна поддршка на илјадниците баратели на азил и мигранти кои пристигнале во 2018 година, се вели во извештајот.

Новинарите се соочуваат со закани и мешање во нивната работа, и иако некои случаи биле предмет на истрага од страна на полицијата и предадени на Обвинителството, никој не бил осуден за напади врз новинарите во периодот на составување на извештајот.

Политичарите во Босна и Херцеговина сé уште јавно не разговараат за правата и грижите на ЛГБТ, полицијата често ги отфрла злосторствата од омраза против припадниците на ЛГБТ заедницата, а добивањето дозволи за настани и мирни собири поврзани со ЛГБТ беше значително потешко во 2018 година отколку во претходните години, се вели во извештајот.

Хрватска

Во периодот помеѓу јануари и септември 2018., во судовите во Хрватска имаше 14 предмети на воени злосторства. Во истиот период, судовите осудија само четворица за воени злосторства.

Во извештајот се наведува дека околу 2.500 баратели на азил и мигранти биле присилени од хрватската полиција да се вратат во Босна и Херцеговина, како и дека постоеле стотици случаи на лишување од пристап до постапките за азил и повеќе од 700 наводи за полициско насилство и кражба.

Во извештајот се забележува дека студијата финансирана од владата објавена во јули открила дека речиси сите Роми во земјата живеат во сиромаштија, а помалку од една третина завршуваат основно училиште.

Во извештајот се истакнува кампања која започна во мај за одржување јавен референдум за намалување на бројот на пратенички места на етничките Срби во Парламентот и ограничување на нивното право на глас во однос на буџетот и формирањето на владата, што ги вознемири лидерите на српските заедници и невладините организации.

Косово

Напредокот во поглед на подобрување на заштитата на човековите права во Косово беше бавен во текот на годината, се вели во извештајот на ХРВ.

Во август месец, српските и косовските водачи во август најавија контроверзен план за прецртување на нивните граници, што предизвика загриженост во врска со последиците по човековите права од преселбите на население што може да се бараат со планот.

Тензиите меѓу Србите и косовските Албанци продолжија, особено на северот. Ромите, Ашкалите и балканските заедници на Египќани и натаму се соочуваат со дискриминација.

Семејното насилство и натаму е широко распространето во Косово, со слаб одговор на полицијата, неколку обвиненија и судии кои се чини дека не се волни да издадат налози за забрана на приближување против насилни сопружници.

Новинарите се соочени со закани и заплашување, а гонењето кривични дела против новинарите се одвива бавно.

Србија

Во Србија, судските процеси за воени злосторства напредуваа бавно и немаа политичка поддршка и соодветни ресурси, додека механизмите за поддршка на сведоците беа слаби, се вели во извештајот.

Извештајот, исто така, наведе дека системот за азил и натаму има недостатоци, а условите за барателите на азил не се подобрени.

Ситуацијата за новинарите исто така останува несигурна, со напади, закани и тужби против оние кои известуваат за чувствителни прашања, истакнува извештајот. Комисијата формирана со цел да ги истражи убиствата на тројца истакнати новинари не постигна никаков напредок.

Целиот извештај може да се прочита на:

https://www.hrw.org/sites/default/files/world_report_download/hrw_world_report_2019.pdf

Преземено од Хјуман рајтс Воч и Балкан Инсајт