20 Мај Загриженост на Комесарот за човекови права за српскиот нацрт-закон за доживотен затвор
Комесарот за човекови права, Дуња Мијатовиќ, ја предупреди Србија да се погрижи нејзиниот предлог-закон за доживотен затвор да е во согласност со судската пракса на Европскиот суд за човекови права
Во писмото упатено до Министерот за правда на Србија, Нела Кубуровиќ, објавено на 15.05.2019 година, Комесарот ги повикува властите да го преиспитаат “нацрт законот на Тијана” со кој се воведува казна доживотен затвор без право на условно ослободување за лица осудени за некои од најтешките кривични дела.
Иако Европската конвенција за човекови права не ја забранува доживотната казна затвор, таа потсетува дека за доживотната казна да биде во согласност со членот 3 од Европската конвенција за човекови права, што е обврзувачко за Србија, таа мора да може да се намали, или со други зборови, мора да постојат изгледи за ослободување на затвореникот, како и можност за намалување на казната. Комесарот, исто така, изрази загриженост во врска со одлуката на властите да не одржат јавна дебата во врска со предлог-законот и ги охрабри да го сторат тоа.
“Српските власти треба да се погрижат оваа или било која идна законодавна иницијатива од ваков вид да биде целосно во согласност со судската пракса на Европскиот суд за човекови права”, изјави Комесарот.
Овде можете да го прочитате писмо на Комесарот:
https://rm.coe.int/letter-to-nela-kuburovic-minister-of-justice-of-serbia-by-dunja-mijato/168094720c
Преземено од официјалниот веб-сајт на Советот на Европа