Одбивањето да се изврши промена на националноста во судскиот изборен именик довело до кршење на правато на приватност

Во предметот на Тасев против Северна Македонија (жалба бр. 9825/13 од 16.05.2019 год.) Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) утврдил повреда на членот 8 (право на почитување на приватниот и семејниот живот) од Европската конвенција за конвенција за човекови права (“Конвенција”).

Предметот се однесува на одбивањето на властите да го одобрат барањето на г-динТасев за промена на националната припадност во судскиот изборен именик. Во септември 2012 година бил објавен конкурс за пет работни места во Државниот судски совет (ДСС). Набргу потоа, г. Тасев поднел барање до Министерството за правда за менување на неговата етничка припадност од бугарска во македонска. Министерството за правда го одбило неговото барање, тврдејќи дека таа промена имала за цел да обезбеди остварување на право на избор во врска со изборот на членовите на ДСС и дека таквата промена на етничката припадност, побарана по објавувањето на изборите, ги става другите судии во “неповолна позиција”.

ЕСЧП конкретно сметаше дека толкувањето на домашните власти на националните законски одредби не било предвидливо за г. Тасев. ЕСЧП, исто така, забележа дека членот 17 од Законот за судски совет наведува процедурални правила според кои судиите можат да се обидат да ги исправат податоците од евиденцијата кои се однесуваат на нив, вклучувајќи ја и етничката припадност. Според мислењето на ЕСШП, во таквата одредба нема ништо што би можело да се толкува како спречување на судиите кои се кандидираат за избор да се обидат да ги исправат свои лични податоци во судскиот изборен именик по објавувањето на таквите избори.

Домашните власти, според тоа, навеле и примениле толкување на таа одредба кои не можеле да бидат предвидливи за жалителот. Соодветно на тоа, правната основа за одбивање не била предвидлива. ЕСЧП утврди дека мешањето на државата не било “во согласност со законот”, и дека поради тоа, дошло до кршење на членот 8 од Конвенцијата. 

ЕСЧП понатаму едногласно заклучи дека жалбата на г. Тасев која се однесува на членот 6 (право на правично судење) и фактот дека тој не бил запознаен со доказите мора да биде отфрлена како неприфатлива. ЕСШП утврди дека документите кои Министерството за правда ги доставило како доказ во националната постапка не биле од значење за исходот на предметот. Според тоа, г. Тасев не претрпел значителна штета поради фактот што судовите не успеале да ги достават овие докази.

Преземено од официјалниот сајт на Европскиот суд за човекови права