EuroPride во Белград во 2020 година

Со задоволство ве известуваме дека Европската асоцијација на организатори на паради на гордоста (ЕАОПГ) ја избра белградската Парада на гордоста за домаќин на EuroPride во 2022 година.

Понудата на Белград привлече 71% од гласовите на членовите на конференцијата на ЕАОПГ, која се одржа во шпанскиот град Билбао.

Кристина Гарина, Претседателка на ЕАОПГ, изјави:

„Парадите на гордоста отсекогаш биле протест и EuroPride ќе има огромно влијание врз лицата од ЛГБТИ заедницата во Белград, Србија и целиот регион. Самата сум била сведок на насилство и протести кои белградската Парада на гордоста ги има доживеано во минатото, а гласовите на нашите членови за Белград покажуваат дека сакаме  EuroPride да има максимално влијание”. 

EuroPride се доделува на градовите-домаќини за организација на настани од 1992 година, а Белград ќе биде првиот главен град кој ќе биде домаќин на EuroPride 2022 за прв пат надвор од Европската економска зона (ЕЕА).

Историјата на белградската Парада на гордоста претставува насилство и контра-протести на екстремно десничарски и националистички групи, како и последователни забрани на настанот. Од 2014 година наваму  Парадата на гордоста во Белград успешно се одржува со се’ поголема поддршка. Белградската Парада на гордоста 2019 се одржа пред само едан седмица.

Овде можете да најдете повеќе информации за книгата на понуда на Парадата на гордоста во Белград : http://epoa.eu/wp-content/uploads/2019/07/2022_Belgrade.pdf

Белградската Парада на гордоста победи во конкуренција на ИЛГА Португалија, rede ex aquo и Variações ЛГБТИ, Парадата на гордоста – Даблин и Парадата на гордоста – Барселона.

Преземено од веб-сајтот на Европското здружение на организатори на паради на гордоста