13 Јан Уставната тужба во Хрватска е делотворен правен лек за жалби за неделотворна истрага според член 2 (право на живот) и член 3 (забрана на нечовечко или понижувачко постапување) од Европската конвенција
Во предметот Кусиќ и др. против Хрватска (жалба бр. 71667/17, 16 јануари 2019 година), Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) едногласно ја прогласи жалбата за недопуштена.
Жалителите Здравко Кушиќ, Бојан Кушиќ и Мартина Кушиќ се српски државјани кои живеат во Крагуевац (Србија). Роднините на жалителите, Н.К. и П.К, биле пронајдени застрелани крај патот кај Петрово Поле (Хрватска) на 6 февруари 1992 година.
Во својата жалба до ЕСЧП, семејството Кушиќ тврдеше дека истрагата за смртта на членовите на нивното семејство била неделотворна, со оглед на тоа што истрагата сè уште трае како и тоа што домашниот правен лек – уставна тужба – не е делотворен бидејќи Уставниот суд обично ги отфрлал ваквите тужби како неосновани.
Главното прашање што ЕСЧП требаше да го испита е дали, како што тврдеше Владата, уставната жалба е делотворен домашен правен лек за жалби кои се однесуваат на неделотворност на истрагата и дали жалителите морале да поднесат уставна тужба пред да поднесат жалба до ЕСЧП. Жалителите тврдеа дека Уставниот суд обично ги отфрлал ваквите тужби како неосновани, потпирајќи се на пет одлуки кои биле донесени во периодот помеѓу 2012 и 2016 година и се однесувале на уставни тужби за пресуди во граѓански предмети во кои се отфрлале побарувања од државата во вид на надомест за насилна смрт.
Судот, меѓутоа, сметаше дека Уставниот суд, по долгогодишен застој во разгледувањето на вакви тужби, ја ревидирал и консолидирал својата пракса и во своите најнови одлуки од 2019 година направил преглед на делотворноста на истрагите, земајќи ја судската пракса на Европската суд како основа за своите проценки. Затоа, Уставниот суд сега претставува делотворен правен лек за жалби во врска со неделотворни истраги согласно членовите 2 (право на живот) и 3 (забрана на нечовечко или понижувачко постапување) од Конвенцијата. Така, жалителите беа упатени да поднесат уставна тужба во Хрватска пред да поднесат жалба до Европскиот суд.
Преземено од официјалниот веб-сајт на Европскиот суд за човекови права