14 Јун Соработка помеѓу Мрежата на виши судови (SCN) и Советот на Европа
Европскиот суд за човекови права во Стразбур на 8 јуни, 2018 година беше домаќин на вториот „Focal Points Forum“ на Мрежата на вишу судови (SCN). 63 претставници од 59 судови во 33 држави учествуваа во целодневната програма, што претставува уште поголемо учество во споредба со првиот Форум кој се одржа минатата година.
SCN е основана со желба да се создаде поструктурален и ефикасен дијалог помеѓу Европскиод суд во Стразбур и надлежните државни судови, односно да се создаде дијалог кој е насочен кон размена на знаења во судската пракса на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) и поврзани прашања. SCN им овозможува на членовите на вишите судови да добијат информации за судската праксана Европскиот суд за човекови права во Стразбур, под надзор на судското Одделение Јурисконсалт (Jurisconsult). Од основањето на SCN во октомври, 2015 година, мрежата брзо се рашири. До јуни, 2017 година, кога беше одржан првиот Форум на SCN, учествувале 54 судови од 32 држави. По една година, SCN денес брои 68 судови од 35 држави.
Микхаил Лобов, шефот на Одделението за политика и соработка во областа на човекови права на Советот на Европа, му се обрати на Форумот, каде што ја призна заедничката одговорност на Европскиот суд во Стразбур и државните судови за спроведување на ЕКЧП. Тој го нагласи големото значење на проектите за соработка на Советот на Европа кои се насочени кон правосудството, со цел поефикасно да се спроведува ЕКЧП. Покрај тоа, тој се заблагодари на неизмерната поддршка од страна на Европскиот суд во Стразбур, но и на поддршката од страна на државните судови, што може да се согледа во два добри примера за кои се потребни дополнителни ресурси:
- Унапредување на соработката со HELP (Европска програма за образование на правници во областа на човекови права на Советот на Европа);
- Соработка со вишите судови за усогласување, која започна со организирање на Атинската конференција во 2017 година, со која се овозможи размена на најдобрите практики во соработка помеѓу судовите и одделенијата кои се занимаваат со судска пракса.
Микхаил Лобов најпосле спомена дека, покрај предизвиците со кои се соочува Советот на Европа, би требало да се обезбеди дополнителна поддршка на HELP и на напорите за усогласување на судската пракса.
Тука можете да го најдете списокот на учесници:
https://www.echr.coe.int/Documents/SCN_Forum_08June2018_Participants_List_ENG.pdf, но и говорот на Микхаил Лобов:Speech by Mikhail Lobov, Head of Human Rights Policy and Co-operation Department, Directorate General Human Rights and Rule of Law (DGI), Council of Europe.
Преземено од официјалната интернет страна на Советот на Европа.