Говорници

Билјана Брејтвејт [Biljana Braithwaite], Програмска директорка за Западен Балкан, AIRE Центар

Билјана е правен експерт со искуство од повеќе од две децении во Западен Балкан и пошироко, специјализирана во областите како што се родовата еднаквост, законодавните реформи, човековите права, борбата против корупцијата и организираниот криминал, одржливиот развој и стандардите за животна средина, општествени прашања и управување (ESG). 

Билјана е директорка на Програмата за владеење на правото за Западен Балкан на AIRE Центарот. Таа, во текот на последните 25 години, има испорачано повеќе од педесет обемни проекти за владеење на правото, обезбедувајќи техничка помош преку градење на капацитети и законодавни реформи, како и добро управување, родова еднаквост и иницијативи за антикорупција. Таа има работено со низа национални институции, меѓународни финансиери и спонзори од приватниот сектор.

Билјана е исто така извршен директор и основачки партнер на Sustineri Partners, советодавна фирма посветена на помагање на компаниите во постигнување на позитивни резултати во однос на општеството. Имено, Sustineri Partners е основач и организатор на ESG Адриа Самитот [ESG Adria Summit], годишен настан посветен на одржливиот развој и дијалогот за поголема одговорност на бизнис секторот во однос на ESG стандардите во регионот Адриа. Таа е, исто така, претседавач на регионалната непрофитна иницијатива Жените во одборите Адриа [Women on Boards Adria], основана со цел да се зголеми родовата разновидност во извршното и неизвршното раководство.

Горан Милетиќ [Goran Miletić], Директор за Европа и MENA во Civil Rights Defenders

Горан Милетиќ е директор за Европа, Блискиот Исток и Северна Африка [MENA] во Civil Rights Defenders. Од 2004 година, тој вложува напори во организацијата во Западен Балкан, соработувајќи и обезбедувајќи капацитети за организациите за човекови права, а подоцна и проширувaјќи го одделот преку опфаќање на други земји и региони.

За тоа време, тој бил особено ангажиран во изготвување и лобирање за усвојување на инклузивно законодавство за борба против дискриминација на Западниот Балкан и е член на Европската комисија за законодавство за сексуалната ориентација (ECSOL), на Постојаниот комитет на Конференцијата на меѓународните невладини организации и на Советот на експерти за законодавство за невладините организации во рамките на Советот на Европа. Тој е член на Одборот на фондацијата „Хартефакт“ од нејзиното основање.

Валерија Галиќ [Valerija Galić], претседателка на Уставниот суд на Босна и Херцеговина

Валерија Галиќ дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот во Сараево. Била член на голем број работни комисии задолжени за подготвка на системски закони од различни области. Како претставник на БиХ од ФБиХ и член на Комисијата за усогласување на правниот систем со европското законодавство, таа учествувала на меѓународни програми во САД и Франција (Стразбур). Таа е коавтор и рецензент на неколку стручни публикации. Како предавач, учествувала на национални и меѓународни конференции во врска со уставното судство и заштитата на човековите права и основните слободи.

Во 2022 година, по извршувањето на различни позиции во правната област, таа била назначена за судијка на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Таа ја презела функцијата по конститутивната седница на новиот состав на судии на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Помеѓу 2006 и 2012 година, таа била потпретседателка на Уставниот суд на БиХ во два мандата. Таа била претседателка на Уставниот суд на Босна и Херцеговина од 2012 до 2015 година. Таа ја има преземено функцијата претседателка во втор мандат во август 2022 година.

Џулијан Рајли [Julian Reilly], британски амбасадор во Босна и Херцеговина

Џулијан Рајли неодамна бил специјален пратеник на Обединетото Кралство за Рогот на Африка и Црвеното Море и во текот на неговата кариера интензивно работел во Источна Африка и Блискиот Исток, фокусирајќи се на агендите за безбедност, стабилност и просперитет. Во 2013-14 година бил заменик-шеф на мисијата и директор за трговија и инвестиции на Обединетото Кралство во Британската амбасада во Ријад, Саудиска Арабија.

Џулијан претходно работел на прашањата за Западен Балкан кога бил заменик-шеф за Западен Балкан во Одделот за проширување на ЕУ, 2010 – 2013 година. Пред тоа тој поминал четири години како шеф на Канцеларијата во Москва.

Тој се приклучил на Канцеларијата за надворешни работи и Комонвелт [FCO], од Универзитетот во Единбург, каде студирал литература и историја на уметност. Тој е оженет и со сопругата продолжува да ја прати музиката и уметноста и да ужива во планините и морето.

Хелена Лагерлоф [Helena Lagerlöf], шведска амбасадорка во Босна и Херцеговина

Хелена Лагерлоф е магистер по право на Универзитетот во Упсала, каде специјализирала на меѓународно право и човекови права, како и на истражување во областа на мирот и конфликтот и развојните студии. Во нејзината рана кариера, таа работела како билатерален експерт и програмски офицер во Интерамериканскиот институт за човекови права во Костарика и имала позиции во Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) како програмски службеник и советник за демократско управување, и подоцна како специјалист за политики за човекови права и демократија. 

Нејзините претходни позиции, исто така, опфаќаат вработување во Европската комисија (2006-2010), Министерството за надворешни работи – Одделот за ЕУ (2012-2017) и во Постојаното претставништво на Шведска во ЕУ како министерски советник и раководител на Секторот за надворешна и безбедносна политика (2017-2023).

Марко Бошњак [Marko Bošnjak], потпретседател на Европскиот суд за човекови права

Судијата Марко Бошњак е судијата избран во однос на Словенија во Европскиот суд за човекови права. Назначен во 2016 година, тој ја извршувал функцијата претседател на Првиот оддел од јануари 2022 година и како потпретседател на Судот од ноември 2022 година.

Пред да му се придружи на Европскиот суд за човекови права, судијата Бошњак работел како вонреден професор по кривично право на Европскиот факултет во Нова Горица, Словенија (2012-2016), како адвокат специјализиран за кривично право (2009-2016), како Експерт член на Советот за кривично право при Министерството за правда во Словенија (2008-2011), како предавач на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана, (2006-2012), како доцент по кривично право и криминологија на Универзитетот во Љубљана (2005-2015) и како независен советник (2002-2006) и виш советник (2006-2008) во Уставниот суд на Словенија. Дипломирал право во 1996 година и магистрирал (1999) и докторирал (2002) во областа на правото.

Арнфин Бардсен [Arnfinn Bårdsen], Судија на Европскиот суд за човекови права

Арнфин Бардсен е роден во Ставангер, Норвешка, во 1966 година, дипломирал на Универзитетот во Берген во 1992 година, каде исто така се стекнал со диплома за завршени докторки студии во 1999 година по меѓународно право за човекови права.

Работел како вонреден професор на Универзитетот во Берген од 1992 до 2003 година, додека во 1994-1995 година работел како заменик судија во Окружниот суд Јерен.

Од 2003 до 2008 година работел како судија/шеф на оддел и вршител на должноста началник на Апелациониот суд Гулатинг. Тој станал судија на норвешкиот Врховен суд во 2008 година. Бил член на неколку правни комисии. 

Тој е избран за судија во Европскиот суд за човекови права на 1 јануари 2019 година и за Претседател на одделот од 1 ноември 2022 година.

Јован Илиевски, Судија на Европскиот суд за човеквои права

Судијата Јован Илиевски е избран во Европскиот суд за човекови права како судија од Северна Македонија во февруари 2017 година. Од 2004 до 2017 година, тој бил претставник на Јавното обвинителство во Советодавната група на обвинители во Југоисточна Европа (SEEPAG) од нејзиното основање; од 1 јануари 2012 година бил Претседател на ова тело. Од 2006 до 2017 година, тој бил член на Консултативниот совет на европските обвинители (КСЈП) при Советот на Европа. од 1 јануари 2012 година бил претседател на ова тело. Од 2006 до 2017 година, тој бил член на Консултативниот совет на европските обвинители (КСЈП) при Советот на Европа. Во 2013 година, докторирал на кривично право на Универзитетот во Скопје. Претходно, голем дел од својата кариера ја поминал во Јавното обвинителство во Скопје, работејќи како раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 2012 до 2017 година. Од 2013 до 2017 година бил професор на Државниот универзитет во Штип. Во 2015 година ја извршувал функцијата Претседател на Комисијата за усогласување на казнената политика.

Даријан Павли [Darian Pavli], Судија на Европскиот суд за човекови права

Судијата Даријан Павли, од јануари 2019 година ја врши функцијата судија на Европскиот суд за човекови права избран во однос на Албанија. Пред да стане судија во Судот, Судијата Павли имал екстензивна пракса во областа на човековите права, која вклучувала и застапување пред водечките меѓународни и регионални механизми за човекови права. Неговата пракса, помеѓу другото, задржала главен фокус на слободата на изразување и здружување, како и на националните ограничувања на правата поврзани со безбедноста. Тој исто така придонел кон различните напори за воспоставување на стандарди во Европа, Северна и Јужна Америка и во другите региони. Во последните години, Судијата Павли го советувал Парламентот на Албанија за прашања кои се однесувале на главните правосудни реформи, како и за реформите за клеветата и за законот за слободата на информирање. Судијата Павли има и дипломи за постдипломски степени на студии од Централноевропскиот универзитет и од Правниот факултет во Њујорк.

Ерик Венерштром [Erik Wennerström], Судија на Европскиот суд за човекови права

Судија Ерик Венерштром е роден во Шведска во 1962 година. Тој е доктор по меѓународно право, право на ЕУ и правна јуриспруденција. Тој бил Директор за меѓународни односи и прашања за ЕУ во Министерството за правда и раководител за извршување на меѓународни правни работи во Министерството за правда и внатрешни работи (2007-2011) и бил главен правен советник за меѓународно право во Министерството за надворешни работи (2007-2012 година). Од 2012 година тој бил Генерален директор на Националниот совет за превенција од криминал. Ерик Венерштром, исто така, бил член на управниот одбор на бројни меѓународни организации. Тој бил избран за судија на Европскиот суд за човекови права во април 2019 година.

Ивана Јелиќ [Ivana Jelic], Судијка на Европскиот суд за човекови права

Судијката Ивана Јелиќ е избрана во Европскиот суд за човекови права како судијка од Црна Гора во јули 2018 година. Таа е членка на Комитетот за правни науки на Црногорската академија на науките и уметностите од 2015 година, како и член на Сенатот на Црногорското здружение на правници, од 2018 година. Пред да се приклучи на Судот, таа била потпретседател и член на Комитетот за човекови права на ОН (2015-2018) и била вработена како вонреден професор на Правниот факултет на Универзитетот во Црна Гора. Студирала право на Универзитетот во Црна Гора, Универзитетот во Белград, Правниот факултет Беркли и на Правниот факултет Колумбија во Њујорк, како стипендист на програмата Junior Faculty Development. Таа магистрирала (2004) и докторирала право (2007) на Правниот факултет при Универзитетот во Белград, Србија.

Давор Деренчиновиќ [Davor Derenčinović],  судија во Европскиот суд за човекови права

Судијата Давор Деренчиновиќ ја извршувал функцијата судија на Европскиот суд за човекови права, избран во однос на Хрватска, од јануари 2022 година, откако претходно помеѓу 2010 и 2021 година тој бил ad hoc судија. Тој, исто така, работел во телата на Советот на Европа, како член на Групата експерти за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА) помеѓу 2009 и 2021 година, на која бил претседател од 2019 година и како член на Бирото за Комитетот на експерти за тероризам помеѓу 2003 и 2004 година. Судијата Деренчиновиќ се приклучил во Судот по долгогодишното академско искуство, особено како раководител на Катедрата за кривично право на Универзитетот во Загреб и како странски директор во Истражувачкиот центар за европско кривично право на Институтот за право на Шангајската академија на општествени науки во Шангај. Неговото искуство во решавање на меѓународни спорови вклучувало позиција во Светска банка помеѓу 2014 и 2017 година. Тој го завршил своето универзитетско образование и докторирал на Универзитетот во Загреб, завршувајќи пост-докторски студии како Фулбрајт научен соработник во Меѓународниот правен институт за човекови права во ДеПол Универзитетски колеџ по право во Чикаго.

Фарис Вехабовиќ [Faris Vehabović], Судија на Европскиот суд за човекови права

Судијата Фарис Вехабовиќ беше избран за судија во Европскиот суд за човекови права од Босна и Херцеговина во 2012 година. Од 1996 до 2000 година тој работел како правен советник во Канцеларијата на Народниот правобранител на Босна и Херцеговина за прашања поврзани со човековите права. Од 2001 до 2007 година работел како Регистар (секретар) на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Во 2005 година се стекнал со титулата магистер по европски студии како дел од интердисциплинарна програма на универзитетите во Сараево и Болоња. Од 2007 до 2012 година Вехаховиќ бил судија на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, а од 2008 година и потпретседател во тој суд. Студирал право на Универзитетот во Сараево од 1987 година, каде што дипломирал во 1993 година.

Леди Бјанку [Ledi Bianku], Поранешен судија на Европскиот суд за човекови права, Судија на Уставниот суд на Босна и Херцеговина

Леди Бјанку е вонреден професор на Универзитетот во Стразбур и ја извршува функцијата меѓународен судија на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Тој исто така ја вршел функцијата на помошник адвокат во Doughty Street Chambers во Лондон и е член на Етичкиот комитет на Фондацијата  „Принц Алберт Втори“ (Prince Albert II Foundation). Од 2008-2019 година бил судија во Европскиот суд за човекови права во однос на Албанија. Претходно бил член на Европската комисија за демократија преку правото (Венецијанска комисија) од 2006-2008 година. Тој, исто така, претседавал со националното   тело   за  аудио-визуелни   медиуми   од   2006   до   2007   година.   Предавал меѓународно   јавно   право,   право   на   ЕУ   и   право   за   човекови   права   на   Правниот факултет во Тирана и на Албанската школа за судии од 1993-2007 година. Тој исто така ја вршел функцијата на правен советник за различни национални и меѓународни тела. Г-дин Бјанку има дипломирано на Универзитетотво Тирана и на Колеџот на Европа во Бриж.

Тим Ајке [Tim Eicke], Судија на Европскиот суд за човекови права

Судијата Тим Ајке е избран во Европскиот суд за човекови права како судија од Обединетото Кралство во 2016 година. Тој станал адвокат во Лондон во 1993 година, добил звање Queen’s Council (сега K.C) во 2011 година и станал член на адвокатската комора Линколн Ин во 2014 година. Тој порано работел како помлад застапник на Круната, како и во адвокатскиот панел на Комисијата за еднаквост и човекови права. Тим Ајке исто така бил долгогодишен уредник на европските извештаи за човековите права. Студирал право на Универзитетот во Пасау, Германија и на Универзитетот Данди во Обединетото Кралство, каде што се стекнал со диплома по англиско право со почести (LL.B. (Hons)).

Џон Стауфер [John Stauffer], Директор за правни работи и заменик извршен директор во Civil Rights Defenders

Џон е адвокат за човекови права со магистратура по правни науки од Универзитетот во Стокхолм. Тој претходно работел во Народниот правобранител против етничка дискриминација и Народниот правобранител за еднаквост каде што бил одговорен за истражување на случаи на дискриминација. Џон, исто така, поминал време во Босна и Херцеговина по конфликтот работејќи со човековите права. За време на неговата четиригодишна работа со мисијата на ОБСЕ, Џон првично се фокусирал на создавање услови за враќање на раселените лица. Подоцна, како директор на Одделот за човекови права, тој бил одговорен за работата на организацијата за прашања како што се воените злосторства, владеењето на правото, малцинските права, економските и социјалните права. Тој се приклучил на Civil Rights Defenders во март 2013 година.