Анкета на ОБСЕ за насилство врз жените во Северна Македонија

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Одделот за родова рамноправност на ОБСЕ на 15 мај 2019 година во Скопје ja претставија анкетата за благосостојбата и безбедноста на жените во Северна Македонија. Истражувањето открива дека постои посебна потреба од поголема поддршка и целно насочена акција за помош на жените од малцинските групи и од руралните средини.

Истражувањето е прво од ваков вид спроведено во Југоисточна Европа и Источна Европа. Тоа дава детална слика за физичкото, сексуалното и психолошкото насилство над жените и девојките во Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Молдавија и Украина. Истражувањето, исто така, го опфати Косово.

Таа има за цел да обезбеди цврсти докази за информирано донесување одлуки и лобирање на различни нивоа за намалување на насилството врз жените, како и за подобрување на услугите за жените кои доживеале насилство.

Врз основа на деталните наоди од истражувањето, ОБСЕ подготви неколку клучни заклучоци со кои се предлагаат начини за препознавање и одговор на насилството врз жените:

  • Степенот на насилство врз жените и девојките во областа опфатена со истражувањето бара зголемени напори за спроведување на законодавството и подобрување на акционите планови кои ќе ги опфатат сите форми на насилство врз жените и девојките.
  • Истражувањето јасно открива дека сите жени, без оглед на нивниот економски или социјален статус, можат да искусат насилство, но некои групи на жени се изложени на поголем ризик. Овие ризици вклучуваат сиромаштија, економска зависност или мајчинство.
  • Карактеристиките и однесувањето на сторителите, исто така, треба да се земат предвид како можни фактори на ризик кои придонесуваат за насилство од страна на интимен партнер.
  • Насилството има силно физичко и психолошко влијание, а жените на анкетираните локации страдаат од здравствени проблеми како резултат на нивните искуства со насилство.
  • Врз основа на собраните податоци, јасно е дека жените не го пријавуваат во полиција поголемиот дел од инцидентите  и дека ретко бараат поддршка од други институции. 
  • Бариерите за барање помош се вкоренети во ставовите кои ги замолчуваат жените и ги штитат насилниците, а исто така и во недоволната доверба дека властите ќе им помогнат и ќе ги заштитат.
  • Собраните податоци покажуваат дека мнозинството жени не знаат што да прават ако доживеат насилство и дека не се свесни за локалните специјализирани организации кои нудат поддршка.

Целата анкета може да се прочита тука: https://www.osce.org/secretariat/413237?download=true

Преземено од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)