06 Фев Извештај на Хјуман рајтс воч за 2023 година
Хјуман рајтс воч го објави светскиот извештај за 2023 година на 12 јануари. Извештајот покажува дека 2022 година беше загрижувачка година во Централна и Југоисточна Европа со висок рекорд на злоупотреба од авторитарни владетели, политички тензии и кршење на човековите права.
Според оваа организација, во Босна властите не дале приоритет на заштитата на човековите права. Во извештајот се наведува дека дискриминацијата на малцинствата останува сериозен проблем. Напредокот во гонењето на лицата одговорни за воени злосторства е сè уште бавен.
Понатаму, се вели дека во април, општински суд во Сараево пресудил во корист на двајца активисти кои тужеле поранешна парламентарка за охрабрување на државните институции да дискриминираат против ЛБГТ лицата. Тоа е прва пресуда на суд во БиХ против дискриминација врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет и истата претстваува значајна пресуда со која се потврдува жалбата за дискриминација на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица (ЛГБТ).
Хуман Рајтс Воч, исто така, ја нагласи зголемената нетолеранција и етнички тензии во Босна по контроверзните измени на изборниот закон од страна на Канцеларијата на Високиот претставник. „По затворањето на гласачките места на денот на изборите, 2 октомври, Канцеларијата на Високиот претстваник донесе дополнителни изборни промени, предизвикувајќи бројни критики, вклучително и критики кои се однесуваат на конкретното време на донсеување на овие промени. Мерките не се успешни во однос на долгогодишната политичка дискриминација врз Евреите, Ромите и другите малцинства на кои им е забрането да се кандидираат за Претседателството, и покрај скромното зголемување на бројот на места за таквите малцинства во Горниот дом на Парламентот на Федерацијата.“ се додава во извештајот.
Во октомври, Европската комисија го објави својот годишен извештај за напредокот на БиХ, доделувајќи ѝ статус на земја-кандидат за членство во Европската унија, и покрај тоа што „сè уште се потребни значајни реформи за да се осигури дека сите граѓани можат да ги остварат своите политички права“ и не е постигнат напредок во областите на владеење на правото и изборни реформи.
За Србија, во извештајот се наведува дека независните новинари и понатаму се соочуваат со заплашување, закани и насилство. „Кривичниот прогон за воени злоосторства е се уште бавен, неделотворен и испрекинат со одложувања“, се вели во извештајот.
Паневропската парада на гордоста во Белград се одржа со полициска заштита, и покрај тоа што властите ја забранија, нагласувајќи ја несигурната ситуација во која се најдоа лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите (ЛГБТ) лица во Србија. Властите се обидоа да го откажат паневропскиот марш на Европрајд кој беше закажан за 17 септември во Белград, наведувајќи ја загриженоста за безбедноста и тензиите со Косово како причини. Овој потег предизвика меѓународни критики, вклучително и од Комесарката за еднаквост на ЕУ, Хелен Дали, Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, и членовите на Европскиот парламент, кои отпатуваа во Белград за да го поддржат настанот.
На Косово, новинарите, исто така, се во незавидна положба, соочени со напади, малтретирање и закани во однос на кој државата слабо реагира, додека истрагите за воени злосторства се забавија во услови на зголемените тензии со соседна Србија. „Имаше бавен напредок во однос на барањето одговорност за кршењето на човеките права за време на војната. Тензиите се разгореа откако косовските власти издадоа наредба според која етничките Срби на северот на земјата не смеат да влегуваат на Косово со српски лични карти или регистарски таблички“, стои во извештајот.
Преживеаните жртви на семејно насилство продолжуваат да се соочуваат со пречки за добивање заштита во услови на подигнување на мал број на обвиненија и неуспех на судиите да издадат наредби за забрана на пристап на насилниците и намалени казни во случаите на убиство на жени од страна на нивните сопрузи, според Мрежата на жени на Косово.
Албанија, Северна Македонија и Црна Гора не беа вклучени во извештајот.
Целосниот Светски извештај на ХРВ за 2023 година можете да го најдете овде.
Преземено од веб-сајтот на Хуман Рајтс Воч