Покана за рочиште преку јавно известување не е во согласност со конвенцијата

Во предметот Дриди против Германија (претставка број 35778/11, од 26.07.2018 година), Европскиот суд за човекови права едногласно заклучил дека дошло до кршење на:

  • член 6, став 1 и став 3,точка (ц) (право на правично судење /право да се брани сам или со помош на бранител) од Европската конвенција за човекови права во врска со доставување покана за рочиште по пат на јавно известување, како и
  • кршење на член 6 став 1 и став 3 точка (б) и (ц) (право на правично судење / доволно време и можност за подготвување на одбраната / право да се брани сам или со помош на бранител) бидејќи бранителот на апликантот не добил соодветно време и можност да ја подготви својата одбрана и да присуствува на жалбениот претрес.

Предметот се однесува на кривична постапка во која поканата за сослушување е објавена преку јавно известување – објавено на огласна табла – бидејќи подносителот на претставката се преселил во странство, но и краткиот временски период кој го имал бранителот на апликантот да се подготви на сослушувањето и да присуствува на истото.

И покрај тоа што германскиот домашен закон дозволува поканите за рочиште да се објавуваат по пат на јавно известување, судот истакна дека во овој предмет адресата на апликантот во Шпанија не му била позната на Окружниот суд и дека немало неуспешни обиди да му се достави поканата. Судот утврдил дека поканата на апликантот не му била доставена на неговата адреса во Шпанија, ниту пак бил известен за закажаното рочиште, освен со објавување на поканата на огласната табла на судот, и покрај тоа што членот 5 од Конвенцијата на ЕУ за заемна помош во кривични прашања од 25 мај, 2000 година предвидува во процедуралните постапки поднесоците секогаш да сепраќат по пошта.

Судот забележал дека бранителот на апликантот дознал за датумите за сослушување еден ден пред неговото одржување, и дека неговото барање за одложување на рочиштето било отфрлено. Судот утврдил дека бранителот на апликантот не бил соодветно поканет на рочиште, дека не бил во можност да присуствува на расправата, ниту пак имал можност повторно да изврши увид во списите на судскиот предмет. Поради тоа, Судот утврдил дека дошло до повреда на членот 6 ст. 1 ист.3 точка (ц) и членот 6 ст. 1 ист.3 точка (б) и (ц).

Преземено од официјалната интернет страна на Европскиот суд за човекови права