06 Фев Прирачник за заштитени документи
Граничната полиција на Босна и Херцеговина (БиХ) го претстави Прирачникот за заштитени документи, изготвен со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во БиХ, на еден настан во Сараево на 28 јануари 2019 година.
Целта на Прирачникот е да се зајакне професионалната способност на граничната полиција на БиХ за откривање нови техники за фалсификување документи и да ги зголеми своите сознанија за најновите технологии за заштита на документите. Прирачникот е дел од напорите на граничната полиција да држи чекор со постојаното воведување на сè пософистицирани физички, оптички и електронски техники на заштита на документи во оваа област и да ја подигне свеста за прилагодливоста на криминалците на новите технологии.
„Злоупотребата на документите за идентификација претставува транснационална закана за безбедноста, бидејќи може да се искористи за извршување на кривични дела, вклучувајќи ги и оние поврзани со илегалната миграција, трговијата со луѓе и шверцот. Бидејќи фалсификуваните патни документи најчесто се користат за премин преку државна граница, нивното откривање е клучен елемент на контролата на границите и предуслов за нејзина ефикасност“, рече Сања Фицџералд, Службеник на проект во Одделот за соработка во безбедноста на Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина.
„Прирачникот содржи објаснувања, илустрирани со фотографии, на методите на изработка на заштитени документи, вклучувајќи ги и сите техники на печатење, како конвенционални така и дигитални, како и заштитните карактеристики. Посебно внимание се посветува на начините на кои може да се фалсификуваат заштитени документи и начините на кои може да се провери дали тие се автентични или не “, истакна Емир Кулаглиќ, полициски службеник во Граничната полиција на БиХ, кој е еден од авторите на Прирачникот.
Прирачникот ќе биде достапен за службениците на граничната полиција на БиХ на сите гранични премини, како во печатена форма, така и во електронска верзија, со цел службениците да се запознаат со неговата содржина, да го зголемат своето знаење и да го користат истото во текот на извршувањето на секојдневните задачи на контрола на документите.
Другите автори се Селведин Сакиќ од Граничната полиција на Босна и Херцеговина и Ненад Шајтинчак, Милош Воштиниќ и Милош Цветковиќ од Министерството за внатрешни работи на Република Србија.
Преземено од официјалната веб страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа