Непристрасност на судијата

Во предметот Кулијас против Кипар (жалба бр. 48781/12, 26.05.2020) Европскиот суд за човекови права едногласно утврди дека дошло до повреда на член 6, став 1 (право на правично судење) од Европската конвенција за човекови права. 

Во овој предмет,  подносителот на жалбата тврдеше дека еден од судиите на Врховниот суд кои одлучувале во постапката против него не бил непристрасен бидејќи синот на судијата работел во адвокатската канцеларија чиј основачки партнер ја претставувал другата страна (подносителот на жалбата пред Врховниот суд).

Судот поконкретно утврди дека иако судиите не мора автоматски да се дисквалификуваат во вакви околности, крвното сродство од тој вид требало да биде обелоденето на почетокот на постапката. Дали ваквите сомнежи биле објективно оправдани зависи од околностите на конкретниот случај. Факторите што треба да се земат предвид вклучуваат дали роднината на судијата бил вклучена во конкретниот предмет, позицијата на роднината во фирмата, големината на фирмата, нејзината внатрешна организациска структура, финансиската важност на предметот за адвокатската канцеларија, и евентуалниот финансиски интерес или потенцијална корист која роднината можел да ја оствари.

Сепак, жалителот дознал за врската помеѓу синот на судијата и адвокатската канцеларија што го застапува тужителот во постапката за клевета дури откако тој го изгубил случајот. Создаден е перцепција на пристрасност, а сомнежите на жалителот во врска со пристрасноста на судијата биле објективно оправдани. Жалителот не знаел дали синот на судијата бил и фактички вмешан во предметот и дали има финансиски интерес поврзан со неговиот исход. Така е создадена перцепција на пристрасност. 

Затоа, Судот утврди дека сомневањата на жалителот во непристрасноста на судијата биле објективно оправдани и дека домашното законодавство и судска пракса не обезбедиле доволно процедурални заштитни мерки. Судот заклучи дека овде дошло до повреда на член 6, став 1 од Конвенцијата.

Преземено од официјалниот веб-сајт на Европскиот суд за човекови права