Србија ќе биде тужена пред Европскиот суд за човекови права од страна на ромската заедница

Претставниците на ромската заедница во Србија изјавија дека планираат да ја тужат Србија пред Европскиот суд за човекови права откако Апелациониот суд ги ослободи припадниците на паравоените групи кои беа обвинети за убиство на 27 цивили, Роми во 1992 година (случајот на ,,Симини четници”).

Претставниците на паравоената група се обвинети за убиство на 27 цивили од ромска националност, фрлајќи ги во јама и активирајќи рачна граната. Обвинети се и за убиството на уште еден цивил во дворот на селото, како и за повеќекратно силување на три  жени Ромки во периодот од јуни до декември 1992 година додека ги држеле во куќен притвор во блиското село Малешиќ.

Апелациониот суд на 25 јули ослободил шесторица поранешни припадници на единицата ,,Симини четници” од обвинението за убиство на 27 ромски цивили во селото Скочиќ во БиХ, во јули 1992 година. Сепак, тројца членови на единицата биле осудени за нечовечко постапување, наружување на физичкиот интегритет, сексуално понижување и силување. Единицата “Симини четници” постоеше долг временски период во кој беа извршени голем број кривични дела од страна на нејзините припадници.

Националниот совет на ромското национално малцинство и Ромскиот центар за стратегија, развој и демократија, изјавија дека ќе ја тужат Србија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур поради неодамнешната пресуда со која се ослободуваат шесторица припадници на паравоената формација  за убиството на 27 Роми во 1992 година.

,,Србија толерира тешки воени злосторства извршени од страна на српски државјани во униформа и оружје на тогашната ЈНА, Армијата на Република Српска и српското Министерство за внатрешни работи”, изјавија во Националниот совет на ромското национално малцинство и Ромскиот центар за стратегија, развој и демократија.

Како што објави агенцијата Бета, тие испратиле до Претседателот на Србија, Премиерот и Министерството за правда, како и до ОБСЕ и неколку други меѓународни организации, отворено писмо во кое најавуваат тужба.

Во отвореното писмо на Националниот совет на ромското национално малцинство и Ромскиот центар за стратегија, развој и демократија наведуваат дека пресудата е ,, скандалозна и понижувачка за сите Роми, а особено за оние кои го преживеале масакрот и дошле да сведочат.” Тие додаваат и дека пресудата ќе има значително влијание врз ставовите на Ромите кон државата, како и тоа дека истата ќе влијае на зголемување на тензиите и на јазот помеѓу Србите и Ромите.

Преземено од сајтот на Балканската транзициска правда

http://www.balkaninsight.com/en/article/the-appellate-court-strengthening-conditions-for-proving-war-crimes-hlc-07-04-2018

http://www.balkaninsight.com/en/article/serbian-roma-to-sue-state-in-strasburg-of-war-crime-tolerance–07-05-2018