Апсолутната забрана за употреба на неслужбени јазици за време на изборните кампањи не е во согласност со Конвенцијата

Во предметот Местан против Бугарија (претставка бр. 24108/15, 2.5.2023 година), Европскиот суд за човекови права едногласно оцени дека дошло до повреда на членот 10 (слобода на изразување) од Европската конвенција за човекови Права.

Предметот се однесувал на административна санкција која му била изречена на лидер на политичка партија, која традиционално ја поддржуваат гласачите кои припаѓаат на турското малцинство во Бугарија, а кој бил кандидат на бугарските парламентарни избори во 2013 година, бидејќи зборувал на турски во текот на изборната кампања. Бугарските власти сметале дека тој ги прекршил бугарскиот изборен законик.

Судот забележа дека бугарскиот изборен законик наметнува апсолутна забрана на употреба на кој било јазик освен официјалниот (бугарски) во изборната кампања и предвидува административни санкции во форма на парични казни во случај на прекршувања на релевантните одредби. Во тој контекст, Судот забележа дека апсолутната природа на предметната забрана ги лишила националните судови од нивната моќ да вршат соодветна судска контрола.

Судот прифати дека државите имаат право начелно да ја регулираат употребата на јазиците, во одредени форми или со оглед на околностите во врска со комуникацијата со јавноста, од страна на кандидати и други лица за време на изборните кампањи и, по потреба, да наметнат одредени ограничувања или услови кои одговараат на „итна општествена потреба“. Сепак, регулаторна рамка која се состои од целосна забрана на употребата на неофицијални јазици, дополнета со административните санкции, не може да се смета за компатибилна со суштинските вредности на едно демократско општество, кои ја вклучуваат слободата на изразување загарантирана со член 10 од Конвенцијата. Во тој контекст, Судот забележа дека јазикот што го користел жалителот во односниот предмет, имено турскиот, бил и неговиот мајчин јазик и јазикот на малцинското население на кое му се обраќал.

Судот ја истакна важноста на плурализмот, толеранцијата и заштитата на малцинствата во едно демократско општество и забележа дека почитувањето на малцинствата не само што не ги слабее демократиите, туку може само да ги направи посилни. Така што, и покрај полето на слободно уверување на националниот власти, Судот оцени дека предметната забрана не одговара на итна постапка поради посебна потреба и не била сразмерна на легитимните цели утврдени во член 10 од Конвенција. Според тоа, мешањето во остварувањето на правото на жалителот на слобода на изразување не било неопходно во едно демократско општество.

Преземено од официјалната веб-страница на Европскиот суд за човекови права