Берлинска декларација

Берлинската декларација е усвоена во германскиот Бундестаг. Безмалку 300 пратеници од 53 држави членки на ОБСЕ и четири партнери за соработка учествуваа на 27-то годишно собрание кое се одржа на 7и11 јули, 2018 година во зградата на Рајхстагот во Берлин на тема „Имплементирање на обврските на ОБСЕ: Улогата на парламентите“.

Декларацијата, која е усвоена по неколку амандмани, ја нагласува како особено важна „посветеноста кон основните начела од меѓународното право, човекови права и владеењето на правото кои се содржани во Повелбата на ОН и во Хелсиншките завршни акти“.

Пратениците на ОБСЕ во декларацијата ги повикуваат владите на поголема посветеност кон принципите на ОБСЕ, вклучувајќи го и зајакнувањето на  режимот за контрола на наоружување, реформата на безбедносниот сектор, развојот на мерки за изградба на доверба и сигурност и примената на спогодбата.  Декларацијат, понатаму, ги повикува владите да обезбедат почитување на сите човекови права од страна на сите безбедносни и разузнавачки  служби, како на државните, така и приватните служби, но и ги повикува парламентите да воспостават тела за следење на активностите на овие служби. Парламентите треба, исто така, да го подржат процесот на „структурален дијалог“на ОБСЕ, се наведува во Декларацијата.

Во економската и еколошката димензија, Декларацијата ја нагласува единствената улога на парламентите во промовирање на реформите за спроведување на обврските на ОБСЕ, особено во борбата против корупција, зголемување на транспарентноста и намалување на организираниот криминал, перење на пари и финансирање тероризам.

Сите држави на ОБСЕ би требало „да ги заштитат правата на мигрантите и бегалците, особено нивната слобода од произволно затворање,но и активно да работат на интегрирање на бегалците и заштитата на нивното право на соединување со семејството, со посебен осврт на малолетниците без придружба.“  Декларацијата, исто така,  потсетува на обврската за почитување на начелотоnon refoulementa како принцип на обичајното меѓународно право, нагласувајќи дека бегалците и азилантите не треба присилно да се враќаат во државите во кои би можеле да се соочат со мачење или нечовечко постапување.

Овде можете да ја преземете Декларацијата:

https://drive.google.com/file/d/1Pbq1RdQT6AGU6vmHSfaZ2m5RqW3w0Q_b/view

Преземено од интернет страната на Организацијата за безбедност и соработка во Европа