Затворската казна за осуда за клевета претставува непропорционално ограничување на слободата на изразување

Европскиот суд за човекови права едногласно одлучи дека дошло до повреда на членот 10 (слобода на изразување) од Европската конвенција за заштита на човековите права во предметот Салусти против Италија (жалба бр. 22350/13, 07.03.2019 ).

Предметот се однесуваше на новинарот Алесандро Салусти, кој откако бил прогласен за виновен за клевета му била изречена парична казна, но и затворска казна, а еден дел од затворската казна тој отслужил во домашен притвор. Националните судови утврдиле дека статиите објавени под негова контрола лажно известиле дека едно 13-годишно девојче било принудено да абортира од страна на родителите и еден судија за старателство. И други медиуми известувале за инцидентот претходниот ден, но на крајот објавиле дека девојчето не било принудено да абортира, туку тоа било нејзина желба.  

Судот утврдил дека г-дин Салусти ги оцрнил честа и приватноста на девојчето, нејзините родители и судијата, но изрекувањето на кривична санкција, сепак, било очигледно непропорционално. Нема оправдување за изрекувањето на затворска казна. И покрај тоа што истата била заменета со парична казна, таа мерка претставувала предмет на дискреција на италијанскиот Претседател. Во секој случај, и покрај тоа што г-дин Салусти бил ослободен од издржувањето на казната, со тоа неговата пресуда не била избришана. Судовите, на тој начин, го надминале прагот на она што би значело “неопходно” ограничување на слободата на изразување на г-дин Салусти, спротивно на член 10 од Конвенцијата.

Преземено од официјалниот сајт на Европскиот суд за човекови права