24 Авг Инклузивно образование во Србија
Српската влада формално се заложи во јуни дека сите деца со попреченост во развојот ќе можат да одат на училиште.
Илјадници деца со попреченост во развојот во Србија не се запишани на училиште. Со оглед на тоа што српската влада објави дека тие конечно ќе имаат можност да се стекнат со образование, да учат заедно со своите врсници со и без попреченост во развојот, како и да уживаат во училишните екскурзии и во воншколските активности.
Во писмото до Human Rights Watch од 8 јуни, Министерот за образование, Младен Шарчевиќ, вети дека ќе се обезбеди ,,пристап, вклучување и учество на секое дете, ученик и возрасен човек во квалитетно и инклузивно образование”.
Охрабрувачки е што Министерството за образование најавува конкретни мерки кои гарантираат дека децата и младите со попреченост повеќе нема да бидат лишени од образование.
Србија треба да го спроведе својот закон за образование од 2013 година, со кој се забранува дискриминација на лицата со попреченост во пристапот до образование и се поставуваат минимални стандарди за инклузивно образование. Владата, исто така, треба да ги засили своите напори и да го усвои до септември Националниот акциски план за инклузивно образование 2016-2020. Акцискиот план содржи конкретни мерки кои владата, училиштата и заедниците треба да ги преземат за да гарантираат дека децата со попреченост редовно ќе одат на училиште.
Поминаа две години откако беше објавен акцискиот план, па Србија треба без одлагање да го спроведе за да осигура дека децата со попреченост ќе бидат вклучени кога училиштата ќе ги отворат свои врати во септември.
Преземено од официјалниот веб-сајт на Human Rights Watch, рубрика Вести.