Рускиот закон против хомосексуалната пропаганда ги крши меѓународните договори за човековите права

Комитетот за човекови права на ОН донесе одлука според која рускиот регионален закон кој ја забранува хомосексуалната пропаганда меѓу малолетниците претставува кршење на правно обврзувачката меѓународна Спогодба за човекови права.

Русија воведе законодавство на национално ниво со кое се забранува “промовирањето на нетрадиционални односи пред децата” во 2013 година. Законот беше критикуван од активистите за човекови права, како и од Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП).

Комитетот за човекови права на ОН минатиот месец донесе одлука според која законот против хомосексуалната пропаганда во рускиот регион Архангелск е ,,двосмислен, непропорционален и дискриминаторски”, наведувајќи го случајот на рускиот суд во кој овој закон бил користен за гонење на Кирил Непомњашчи, активист за правата на хомосексуалците.

Во судот во Архангелск се водеше постапка против  Непомњашчи заради сторен управен прекршок – прикажување на постер кој вели: “Хомосексуалноста е здрав облик на сексуалност. Ова треба да го знаат и децата и возрасните! во знак на незаконски протест пред една детска библиотека во 2012 година.

Комитетот на ОН донесе одлука според која Непомњашчи бил дискриминиран врз основа на сексуална ориентација, а неговите права биле прекршени според Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

Овде можете да ја преземете одлуката на Комитетот за човекови права на ОН:

https://tbinternet.ohchr.org/_layouts/treatybodyexternal/Download.aspx?symbolno=CCPR%2fC%2f123%2fD%2f2318%2f2013&Lang=en

Преземено од веб сајтот на The Moscow Times.