19 Авг Спроведување на пресудите и одлуките на Европскиот суд за човекови права
Комитетот на министри ги објави последните одлуки ,,од предмет до предмет” кои се усвоени во врска со спроведувањето на пресудите од Европскиот суд за човекови права.
За време на состанокот на тема човекови права во јуни, Комитетот донесе 30 одлуки во врска со 18 земји-членки. Тој ги усвои завршните резолуции во однос на 350 пресуди и одлуки од Европскиот суд кои се однесуваат на 18 различни држави.
Комитетот, исто така, ја усвои индикативната листа на предмети предложени за разгледување на неговиот следен состанок на тема човекови права кој ќе се одржи во септември 2018 година.
Земјите-членки на Советот на Европа мора да ги спроведат пресудите и одлуките на Европскиот суд за човекови права според член 46 од Европската конвенција за човекови права.
Комитетот на министри го надгледува извршувањето на пресудите врз основа на информациите обезбедени од засегнатите национални власти, невладините организации и други заинтересирани страни.
Најновите усвоени одлуки во однос на конкретните предмети можете да ги најдете на https://rm.coe.int/table-for-press-release-decisions-adopted/16808b1a9c
Предметите предложени за разгледување во септември се:
https://search.coe.int/cm/pages/result_details.aspx?ObjectId=09000016808b1a3d
Преземено од официјалниот веб сајт на Советот на Европа.