Увид во дом на ромско семејство без законска основа

Во предметот Л.Ф. против Унгарија (жалба бр. 621/14, 19.05.2022 година) Европскиот суд за човекови права, едногласно оцени дека има повреда на членот 8 (право на почитување на домот) од Европската конвенција за човекови права.

Предметот се однесуваше на инспекциски надзор на домот на жалителот – ретроспективно оправдано како неопходно за да се потврди усогласеноста со градежните регулативи и за да се доделат и/или проверат бенефициите за домување – во 2011 година од страна на делегација на канцеларијата на локалниот градоначалник. Инспекцијата се одржала како дел од новата социјална програма и во услови на зголемени тензии меѓу Ромите и не-Ромите.

Судот сметаше дека инспекцискиот надзор во куќата на жалителот претставувала мешање во неговото право на почитување на неговиот дом. Аргументот на канцеларијата на градоначалникот за да се оправда таквиот надзор беше дека мешањето на истражните органи било со цел да се потврди, прво, дали домот на жалителот бил усогласен со релевантните градежни прописи и, второ, да се утврди какви се условите за живеење на семејството бидејќи сопругата на жалителот била примател на надоместок за домување.

Што се однесува до првото објаснување, сепак, Судот забележа дека регионалните власти го испитале случајот – по првата одлука на полицијата – и заклучиле дека градежните прописи на кои се повикувала канцеларијата на градоначалникот не биле применливи. Последователните донесени решенија затоа не се повикуваат на тие прописи како правна основа за инспекцискиот надзор. Што се однесува до прашањето за надоместокот за домување, канцеларијата на градоначалникот не се повикала на ниту една одредба од домашното законодавство во првата низа на истраги, само во втората низа на барања за информации, како одговор на кои канцеларијата на градоначалникот одговорила дека инспекцијата била заснована на Општинската уредба бр. 3/2009, која предвидуваше инспекциски надзор на лице место пред самото доделување на такви надоместоци и последователен годишен преглед.

Судот сепак истакна дека релевантните одредби од Уредбата не можеле да послужат како правна основа за инспекцискиот надзор. Последната одлука за надоместокот кој се однесува на домаќинството на жалителот било издадено во јули 2011 година и во моментот на надзорот, во октомври 2011 година, не постоела службена постапка во врска со тоа прашање. Затоа, дури и да се претпостави дека општинската уредба им овозможила на властите инспекции на лице место со цел проверка на распределните надоместоци, што било очигледно ирелевантно за случајот на жалителот во отсуство на каква било официјална постапка во тек.

Бидејќи ниту Владата ниту властите не се повикаа на друг закон за да го оправдаат инспекцискиот надзор, Судот заклучи дека мешањето во правата на жалителот не било „во согласност со закон“, спротивно на член 8.

Преземено од официјалниот веб-сајт на Европскиот суд за човекови права