25 Јун Хрватските власти ги презеле неопходните мерки за заштита на правата на дете – наводна жртва на сексуална злоупотреба
Во предметот А и Б против Хрватска (жалба бр. 7144/15, 20.06. 2019 година), Европскиот суд за човекови права („ЕСЧП“), со четири наспроти три гласови утврди дека не дошло до повреда на процедуралните аспекти на член 3 (забрана на мачењето ) и член 8 (право на почитување на приватниот и семејниот живот) од Европската конвенција за човекови права („Конвенцијата“).
Предметот се однесуваше на тврдењата на жалителката дека хрватските власти не пружиле соодветен одговор на можната сексуална злоупотреба на нејзиното дете.
ЕСЧП сметаше дека подносителката на жалбата А (мајка) не може да тврди дека се повредени нејзините права. Затоа, предметот требало да се разгледа во однос на подносителката на жалбата Б (ќерка на А). Покрај тоа, поради односот помеѓу А и наводниот сторител и потенцијалниот судир на интереси помеѓу А и Б, ЕСЧП побара од Хрватскиот адвокатска комора да назначи адвокат кој ќе ја поднесе жалбата во име на детето.
ЕСЧП забележа дека жалбата на подносителката Б има три аспекти: дали постои соодветна регулаторна и правна рамка за заштита на нејзините права според овие два члена на Конвенцијата; дали властите ја примениле таквата рамка исполнувајќи ги своите процедурални обврски за спроведување на делотворна истрага; и дали надлежните во доволна мера ги земале предвид нејзините права како дете- жртва на сексуална злоупотреба.
ЕСЧП сметаше дека хрватското кривично право предвидува тешко кривично дело сексуална злоупотреба на малолетно лице наспроти истото дело кое се однесува на возрасни лица. Законот за кривична постапка, исто така, содржи одредба според која дете-жртва на кривично дело има посебни права.
Според тоа, ЕСЧП утврди дека Хрватска во целина имала соодветна правна и регулаторна рамка за специфичните околности на случајот.
При примената на ваквите кривично-правни механизми, властите морале да се осврнат на посебната ранливост на апликантката како мало дете кое наводно била жртва на сексуална злоупотреба од нејзиниот татко, земајќи ги нејзините најдобри интереси како примарна причина и пружајќи и’ заштита на правата како жртва, притоа избегнувајќи секундарна виктимизација. Судот забележал дека А ја известила полицијата и Центарот за социјална заштита за својата загриженост дека нејзината ќерка е сексуално злоставувана. Детето подоцна било прегледано од тим експерти и гинеколог. По овие чекори не се пронајдени докази за сексуална злоупотреба.
Последователните психолошки извештаи биле неубедливи: во извештајот во ноември 2014 год. се наведува дека Б го опишала сексуалното однесување на нејзиниот татко кон неа, како и ека и’ е советувано продолжување на терапијата, додека во декемврискиот извештај се смета дека Б била изложена на содржина и/или однесување од сексуална природа од страна на возрасно лице, што резултирало со нејзини отворени сексуални постапки.
Властите интервјуирале сведоци, вклучително и наставници на Б, членови на семејството и таткото, но сепак, на крајот се соочиле со двe спротивставени верзии, малку директни докази и три неверодостојни стручни мислења. Обвинителството одлучило дека нема доволно докази за кривичен прогон, а ЕСЧП наведе дека не е во состојба да се донесе заклучок за ова прашање, ниту пак може да ги замени фактичките заклучоци на националните власти, кои биле во подобра позиција да ги проценат доказите и важноста на сведочењето на сведоците.
ЕСЧП не уврди вина, очигледна лоша намера или недостаток на волја од страна на полицијата или обвинителството во извршувањето на своите должности според законот. Тој, исто така, се уверил дека властите сториле сé што може разумно да се очекува од нив за да ги заштитат правата на жалителката и да дејствуваат во нејзиниот најдобар интерес. Според тоа, не дошло до повреда на процедуралниот аспект на член 3 и член 8 од Конвенцијата во ко нкретните околности на овој предмет.
Преземено од официјалниот вебсајт на Европскиот суд за човекови права