07 Дек Меѓународен ден на човековите права
По повод денот на Денот на човековите права, Дуња Мијатовиќ, Kомесар за човекови права на Советот на Европа, ги повика земјите-членки да запрат со нападите врз бранителите на човековите права и да ја подобрат нивната безбедност и работна средина.
Комесарот изјави дека и покрај постоењето на меѓународна декларација и јасни стандарди за заштита на работата на бранителите на човековите права, постои огромен јаз меѓу принципите и реалноста.
,,Согледувам загрижувачко назадување во заштитата на бранителите на човековите права и нивната способност да работат во сè поголем број европски земји. Тие се соочуваат со различни форми на репресалии, вклучувајќи судско вознемирување, прогон, нелегално лишување од слобода, проверки и надзор кои претставуваат малтретирање, кампањи за наштетување на углед, закани и заплашување. Некои од нив биле физички нападнати, подложени на малтретирање, киднапирани, па дури и убиени. Активистите што ги бранат правата на мигрантите, лицата кои припаѓаат на ЛГБТ или жените, како и бранителите на човековите права кои работат на чувствителни прашања, како што се одговорноста за сериозно кршење на човековите права и прашањата поврзани со животната средина, сè повеќе се мета на државни и недржавни актери. Рестриктивното законодавство и штетната политичка реторика ја отежнува работата на невладините организации кои се борат за човековите права и ја нарушува нивната безбедност “, вели Комесарот.
Таа додаде дека со оглед на тоа што светот ја прославува 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, земјите-членки на Советот на Европа никогаш не треба да заборават дека е нивна должност да им обезбедат на бранителите на човековите права слободно и безбедно да работат.
Преземено од официјалниот веб сајт на Советот на Европа