13 Дек Хрватска ги враќа мигрантите во Босна и Херцеговина спротивно на меѓународните принципи
Хрватската полиција ги враќа мигрантите и барателите на азил назад во Босна и Херцеговина, во некои случаи насилно, и без да им даде можност да бараат азил. Хјуман рајтс воч (Human Rights Watch) интервјуираше 20 лица, а сите 20 интервјуирани дадоа детални изјави дека биле задржани од страна на лица кои се идентификувале како хрватски полицајци или носеле униформи како оние што ги носи хрватската полиција.
Хрватска има билатерален договор за реадмисија со Босна и Херцеговина, кој ú дозволува да ги врати државјаните на трети земји без дозвола за престој во земјата. Според Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, според договорот, меѓу јануари и 27 -ми ноември, Хрватска вратила 493 лица во Босна и Херцеговина, од кои 265 биле турски државјани. Ниту едно од лицата кои биле интервјуирани од Хјуман рајтс воч (Human Rights Watch) не поминале низ каква било формална постапка за враќање пред да бидат принудени да се вратат преку границата.
Збирното враќање на баратели на азил без разгледување на нивните потреби од заштита е спротивно на правото на ЕУ за азил, Повелбата на ЕУ за основните права и Конвенцијата за бегалци од 1951 година.
Преземено од официјалниот веб сајт на Хјуман рајтс воч (Human Rights Watch)
Овде можете да ја прочитате целата статија:https://www.hrw.org/news/2018/12/11/croatia-migrants-pushed-back-bosnia-and-herzegovina