06 Мај COVID-19 и влијанието врз човековите права
Трудот „COVID-19 и влијанието врз човековите права“ беше објавен од АИРЕ Центарот на 28 април 2020 година за да обезбеди краток преглед на импликациите од борбата против COVID-19 врз заштита на човековите права, со фокус на Западен Балкан. Со оглед на тоа што текот и развојот на пандемијата COVID-19, и соодветните владини одговори, биле непредвидливи и остануваат предмет на чести промени, документот не бара да послужи како каталог на мерки и сеопфатна анализа на влијанието на болеста врз состојба на човековите права на Западен Балкан. Преку овој труд, тимот на експерти на АИРЕ Центарот, предводен од Леди Бјанку, вонреден професор на Универзитетот во Стразбур и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права, има за цел да ја подигне свеста за можните проблеми поврзани со пандемијата COVID-19 и човековите права. Целиот извештај може да се прочита овде