17 Јул СРБИЈА И ПРИСТАПИ НА ПРОГРАМАТА НА ЕУ ЗА ПРАВА, ЕДНАКВОСТ И ДРЖАВЈАНСТВО
Србија стана првата држава од западен Балкан која на 16 јули, 2018 година и се приклучи на програмата на Европска унија за права, еднаквост и државјанство. Министерот за труд, вработување, боречка и социјална политикаЗоран Ѓорѓевиќ и шефот на Делегацијата на ЕУ Сем Фабризи го потпишаа договорот за пристапување на Србија кон програмата на ЕУ.
“Властите, академските институции и невладините организации сега може да ги претстават проектите за добивање средства за основни права, недискриминација и еднаквост”, изјави Фабризи по свеченоста за потпишување.
Според договорот, буџетот за програмата изнесува повеќе од 439 милиони евра во донации. Програмата има за цел промовирање, заштита и спроведување на еднакви права.
Министерството за труд во рамките на оваа програма ќе соработува со невладините организации и локалните самоуправи во областа на правата и еднаквоста, социјалната вклученост на Ромите и борбатапротив насилство и сите форми на дискриминација.
Програмата посебно се занимава со борбата против дискриминација, расизам, ксенофобија и хомофобија, други форми на нетолеранција, промовирање на правата на лица со попреченост, родова рамноправност, спречување на насилство брз деца, жени и други ризични групи. Програмата ќе и понуди на Република Србија неопходно искуство од државите членки на ЕУ за потполно усогласување на законодавството и праксата со acquis communautaire на EU.
Извор: Интернет страната на Владата на Република Србија, 16.07.2018 година.