02 Авг Најдобриот интерес на детето е поважен од утврдувањето на татковството
Фролих против Германија (жалба бр. 16112/15, 26.07.2018 година)
Жалителот, Арнулф Фролих, е германски државјанин кој е роден во 1966 година и живее во Кетел (Германија). Случајот се однесуваше на верувањето на г-дин Фролих дека тој е биолошки татко на девојче родено во 2006 година.
Во 2004 година г-дин Фролих започнал врска со мажена жена, која продолжила да живее со својот сопруг и нивните шест деца. Односот завршил набрзо откако родила девојче во октомври 2006 година.
Сите обиди на г-дин Фролих да контактира со девојчето потоа биле одбиени. Брачната двојка негирала дека тој е биолошки татко и одбила да даде согласност за тест за утврдување на татковството. Г-дин Фролих, исто така, повел разни постапки пред надлежните судови за да се утврди законски неговото татковство, да може да направи тест за татковство и да добие права за воспоставување контакт и информации, но сите тие постапки биле без успех. Конкретно, Апелациониот суд ја засновал својата одлука на писмена изјава на старателот на детето, кој бил назначен да дејствува во нејзино име, како врз основа на усните изјави на г-дин Фролих, законските родители на детето и на самото дете, и на крајот, во 2013 година одлучил да не му додели на подносителот на жалбата ниту право на контакт со детето, ниту права на информации. Судот сметал дека доколку на жалителот му се доделат наведените права, прво би морало да се утврди дали тој е биолошки татко на детето, што не би било во најдобар интерес на детето.
При донесувањето на оваа одлука, Апелациониот суд ја анализирал состојбата на семејството, за која сметал дека ќе биде загрозена доколку законските родители се принудени да ги разјаснат прашањата во врска со татковството. Исто така, судот додал дека контактот со жалителот во никој случај не би бил во најдобриот интерес на детето.
Во 2014 година Сојузниот уставен суд одбил да ја разгледа неговата уставна жалба. Потпирајќи се на член 8 (правото на почитување на приватниот и семејниот живот) од Европската конвенција, г-дин Фролих се пожалил на одлуките на домашните судови кои одбиле да му доделат права на контакт со детето и да им наложат на законските родители да му дадат информации за детето.
Според тоа, Судот смета дека одлуката на Апелациониот суд е донесена во најдобар интерес на детето и смета тој посочил релевантни и доволни причини за да го оправда своето одбивање не само да му даде права за контакт со детето, туку и да им нареди на родителите на детето да му дадат на жалителот информации за детето. Така, во овој случај нема повреда на член 8.
Преземено од официјалниот веб сајт на Европскиот суд за човекови права.