17 Авг Српскиот Предлог-закон за бесплатна правна помош го ограничува правото на пристап до правдата
Невладините организации изразија загриженост за решенијата содржани во Предлог-законот за бесплатна правна помош.
Повеќе од 12 години се чекаше на донесување на Законот за бесплатна правна помош. За тоа време, правниците и адвокатите ангажирани од страна на невладините организации обезбедуваа бесплатна правна помош. Решенијата содржани во постојниот Предлог-закон значително отстапуваат од решенијата кои, во согласност со она што го покажа долгогодишното искуство, беа предложени од страна на пружателите на бесплатна правна помош.
Министерството за правда го објави последниот Предлог-закон и најави дека истиот е коригиран и уреден во согласност со добиените забелешки. Меѓутоа, не беа почитувани најважните забелешки добиени од страна на граѓанските организации како пружатели на бесплатна правна помош со децении. Ова првенствено се однесува на ограничените можности за обезбедување правна помош од страна на правниците и адвокатите ангажирани од навледините организации, кои ја извршуваа оваа активност, во отсуство на соодветен закон, во последните 20 години. Предлог-законот ги ограничува невладините организации да обезбедуваат бесплатна правна помош само врз основа на Законот за азил и Законот за забрана на дискриминација. Истовремено, овој предлог закон ги занемарува и другите закони.
Тоа значи дека само адвокатите можат да ги обезбедуваат сите видови на бесплатна правна помош. Прашањето е дали адвокатите ќе можат да одговорат на сите потреби на барателите на бесплатна правна помош? Наместо да ú се наметне на државата одговорност за обезбедување на бесплатна правна помош како би им се помогнало на граѓаните на Србија, Министерството за правда доставува Предлог-закон кој нема да биде економски одржлив.
На овој начин оштетени се пред сé граѓаните на кои им е потребна правна помош бидејќи Предлог-законот тесно го поврзува имотниот цензус со правото на бесплатна правна помош, изедначувајќи го со цензусот за социјална помош и правото на детски додаток. Така, сите оние кои не спаѓаат во оваа категорија, или во некоја од категориите посебно пропишани со закон, ќе бидат ускратени за овој вид помош.
Неприфатливо е еден закон чија цел е да се овозможи еднаков пристап до правдата за ранливите групи граѓани, како што е Законот за бесплатна правна помош, да го ограничува ова право, дерогирајќи ги постојните законски решенија и признавајќи го правото на бесплатна правна помош на многу ограничен круг на лица. Притоа, тој ја ускратува можноста оваа помош да ја пружаат правниците ангажирани од страна на невладините организации кои со години го правеа тоа.
Невладините организации изразуваат загриженост поради решенијата содржани во Предлог законот за бесплатна правна помош, кои можат директно да влијаат на правото на делотворен и правичен пристап до правдата за сите лица за кои им е потребен овој вид помош.
Овде можете да го најдете Предлог-законот за бесплатна правна помош:
https://www.paragraf.rs/dnevne-vesti/180117/180117-vest15.html
Оваа изјава е потпишана од:
Комитет на правници за човекови права – YUCOM
Граѓански иницијативи
Белградски центар за човекови права
Центар за практична политика
Хелсиншки комитет за човекови права
Автономни женски центар – АЖЦ
Центар за правата на децата
Меѓународна мрежа за помош – IAN
Мрежа на Комитетот за човекови права во Србија CHRIS која се состои од:
– Комитет за човекови права Неготин
– Комитет за човекови права Ваљево
– Комитет за човекови права Бујановац
– Граѓански форум Нови Пазар
– Комитет за човекови права Ниш
Praxis
Urabn-In
Здружение на граѓанки FemPlatz
Атина
А 11 – Иницијатива за економски и социјални права
Санџачки комитет за заштита на човековите права и слободи
Dijalog.net
Здружение ДУГА
CRTA
Центар за европски политики – CEP
Независно здружение на новинари на Војводина
-Центар за поддршка на жените – мрежа СОС Војводина
– Западнобалкански институт
Иницијатива за развој и соработка
Gayten-LGBT
Комитет за човекови права Врање – СОС-телефон Врање
Здружение на жени Пешчаник
Центар за човекови права-Ниш
Комитет за човекови права Лесковац
Хуманитарен центар за интеграција и толеранција
Советување против семејно насилство
Женски центар Ужице
Фонд за хуманитарно право – FHP
НВО АСТРА – Акција против трговијата со луѓе
Непушачки едукативен центар РП
Помош за децата
Белградски центар за безбедносна политика
Форум на Роми на Србија
Здружение на Роми во Браничевичкиот округ
Центар за мајки
SHARE
Преземено од официјалниот веб сајт на Praxis.